Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова

    10.06.2026 во 08:22

    „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода

    10.06.2026 во 08:18

    Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија

    10.06.2026 во 08:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова
    • „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода
    • Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија
    • Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа
    • Ќе нема струја до 15:30 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание
    • Стартува „Училишта на 21 век – Фаза II“
    • Николоски ќе изврши увид во изградбата на пругата кон Бугарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зеленски: Украина ја брани и Унгарија, а Орбан е дециден дека безбедноста на Унгарија ја гарантира НАТО

    Зеленски: Украина ја брани и Унгарија, а Орбан е дециден дека безбедноста на Унгарија ја гарантира НАТО

    05.11.2025 во 20:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро одговори на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го обвини во едно интервју дека „го поддржува Путин“ со блокирање на преговорите за пристапување на Украина со Европската Унија. Зеленски рече дека нема намера да понуди отстапки на Будимпешта, на што Орбан одговори дека Украина не ја брани Унгарија и дека Будимпешта не му должи ништо, пишува Евроњуз (Euronews).

    Во интервју објавено вчера Зеленски тврдеше дека Унгарија треба да ја поддржи одбраната на Европа што ја спроведува Украина, наместо да бара отстапки.

    „Не мислам дека треба да му понудам нешто на Виктор Орбан“, рече Зеленски.

    „Мислам дека Виктор Орбан треба да и понуди нешто на Украина, која ја штити цела Европа од Русија, а дури и сега, за време на оваа војна, не добивме никаква поддршка од него, поддршка за нашата визија за живот“, додаде украинскиот претседател.

    Одговорот на Орбан дојде кратко по објавувањето на интервјуто. Унгарскиот премиер го отфрли сугестијата дека неговата земја му должи нешто на Киев.

    „Украина не ја брани Унгарија од никого и од ништо. Ние не го побаравме тоа, ниту пак ќе го побараме. Безбедноста на Унгарија е загарантирана од нашите национални одбранбени капацитети и НАТО, чија членка за среќа Украина не е“, рече Орбан.

    Тој истакна дека Унгарија досега обезбедила приближно 200 милиони евра хуманитарна помош и продолжува да ја снабдува земјата разорена од војна со гас и електрична енергија.

    Премиерот го повтори цврстото противење на Унгарија на влезот на Украина во ЕУ.

    „Унгарија не го поддржува и нема да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската унија, бидејќи тоа би донело војна во Европа и би однело унгарски пари во Украина“, рече Орбан, додавајќи дека повеќе би сакал да го види Киев како „стратешки партнер“ отколку како полноправна членка.

    Од безбедносни и економски причини, Будимпешта продолжува да го блокира отворањето на поглавјата од преговорите со Украина. Порано оваа година, владата спроведе и необврзувачка национална консултација на која 95 проценти од испитаниците се спротивставија на членството на Украина во Унијата.

    Односите меѓу двете земји се дополнително затегнати од ова лето поради украинските напади врз рускиот нафтовод „Дружба“, кои во неколку наврати привремено ги прекинаа испораките на нафта во Унгарија. Додека Будимпешта ги осуди нападите како „скандалозни и неприфатливи“, Киев ја обвини Унгарија дека не направила доволно за да се одвикне од руските фосилни горива, со што финансирала дел од воената машинерија на Кремљ.

    Се очекува дека оваа тема ќе биде на маса за време на средбата меѓу Виктор Орбан и американскиот претседател Доналд Трамп, која е закажана за овој петок во САД.

    Прочитај повеќе

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.