Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
    • Мадона го прослави 68. роденден на Крф
    • На полноќ посакајте си желба и погледнете кон небото: Божјите врати се отвораат за да ви ја исполнат
    • Жена им се заканувала на својот сопруг и нивните деца
    • Приведен тинејџер, возел четирицикл без возачка дозвола
    • Сиљановска-Давкова: Не смееме да заборавиме дека секој што напишал барем неколку реченици во недовршената македонска армиска приказна, оставил трага во нашата воена историја
    • Клековски: Утре детални резултати од контролата на прскањето против комарци
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС, кои не однесоа ниту едно шише вода во Гостивар, заедно со Лимани се дел од локалната власт и имаат заедничка одговорност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хорор: Маж со автомобил покосил пешаци и велосипедисти

    Хорор: Маж со автомобил покосил пешаци и велосипедисти

    05.11.2025 во 13:052 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Возач намерно удри со своето возило кон неколку лица на францускиот остров Олерон утринава, при што се повредени десет лица, од кои четворица се во критична состојба, јавува „Ле Парисиен“.

    Инцидентот се случил околу 08:45 часот наутро, помеѓу двете села Долус Долерон и Сен-Пјер Долерон, а меѓу минувачите имало пешаци и велосипедисти.

    Јавниот обвинител на Ле Рошел, Арно Ларез, информираше дека е отворена истрага за обид за убиство. Истрагата се води во повеќе правци:

    Според првичните, но неофицијално потврдени информации, возачот наводно извикал „Алах Акбар“ пред да налета на лицата.

    Се испитува и можноста дека станува збор за лице со ментални нарушувања.

    Мажот бил приведен без отпор од жандармеријата, неколку минути по нападот, додека се обидувал да го запали своето возило.

    Во автомобилот биле пронајдени боци со гас, а возилото било само делумно запалено.

    Според „Ле Парисиен“, станува збор за француски државјанин во триесеттите години. Градоначалникот на Сен Пјер Долерон, Кристоф Сиер, изјави дека мажот е познат по бројни проблеми, особено по редовната употреба на дрога и алкохол.

    Лицето не било во базата на податоци за спречување на радикализација и тероризам (FSPRT).

    На местото на настанот е формиран тим за психолошка помош во замокот Олерон. Министерот за внатрешни работи, Лоренс Нуњез, најави дека лично ќе го посети местото на инцидентот.

    Прочитај повеќе

    Во Франција најавуваат користење ВИ за тестирање кибер безбедност на државните агенции

    18.08.2026 во 19:17

    „Нова територија на САД“ – Вака Трамп ја нарече Ормуската Теснина

    18.08.2026 во 17:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.