Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пристигнуваат сахарски песок и валкан дожд, па пад на температурите за 10 степени – регионот се соочува со голема промена на времето
    • По третпат им ги намалија платите – обвинителите бараат Уставниот суд итно да пресече
    • УХМР најавува силно невреме: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
    • Литванскиот премиер потврди: Дронот што експлодираше кај нас бил украински, влегол преку Полска
    • Православните верници се подготвуваат за еден од најголемите празници
    • Расте бројот на жртви од бурата што ја погоди Шпанија
    • Тажна вест: Почина поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер – Имаше само 40 години
    • Откази за професорите, студентите ќе останат без стипендии, сметка за скршен семафор ќе стигне на домашна адреса – Рама се налути
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Изет Меџити официјално го презеде мандатот како градоначалник на Општина Чаир

    Изет Меџити официјално го презеде мандатот како градоначалник на Општина Чаир

    04.11.2025 во 15:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес, новоизбраниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, и официјално го презеде својот мандат.

    Во своето обраќање по повод преземањето на функцијата, градоначалникот Меџити истакна дека ова враќање за него претставува чувство на чест и длабока одговорност кон граѓаните на Чаир кои му укажаа доверба со неспорна изборна победа на последните локални избори.

    „Од денес се враќам во моето место, меѓу моите луѓе, со чест, со скромност и со длабока благодарност. Чаир секогаш ме поддржувал, а овој пат ми даде силен мандат доверба што ќе ја претворам во чесна работа, конкретни резултати и управување што го познава само јавниот интерес,“ истакна Меџити.

    Тој додаде дека Чаир е дел од неговиот идентитет, дел од неговата лична историја и јавна мисија, нагласувајќи дека секој успех што ќе следи ќе го носи печатот на граѓаните кои никогаш не се откажаа.

    „Пред нас стои ново поглавје. Ќе работиме со јасен план, со транспарентност и со храброст за да направиме големи промени. Имам доверба во луѓето на Чаир, во нивната енергија, талент и љубов кон ова место. Од денес започнува работата за општина Чаир што ја сакаме, од денес започнува нашето време!“, додаде градоначалникот Меџити.

    Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, се обврза на отворено управување, тесна соработка со граѓаните и посветеност кон урбаниот, економскиот и општествениот развој на општината, давајќи приоритет на транспарентноста, ефикасноста и граѓанското учество во секој процес на одлучување.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Убедлива победа во Брвеница, СДСМ доживеа нов изборен дебакл

    20.10.2026 во 09:37

    СДСМ бара оставка од Клековски: Здравството е во хаос

    20.10.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.