Close Menu
    Најново

    Мамдани до Трамп: Не ти се плашам

    04.11.2025 во 21:18

    Двата автомобили возеле во иста насока: Се судриле близу Плетвар

    04.11.2025 во 20:57

    Се уште не им даваат плата: Протестите на „Паркови и зеленило“ продолжуваат

    04.11.2025 во 20:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Мамдани до Трамп: Не ти се плашам
    • Двата автомобили возеле во иста насока: Се судриле близу Плетвар
    • Се уште не им даваат плата: Протестите на „Паркови и зеленило“ продолжуваат
    • Вонредна состојба во Вашингтон
    • Очув силувал девојче: Мајка и’ знаела и молчела, не и помогнала
    • Претседателката го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година
    • Две лица загинаа, пет се повредени – фатална сообраќајка кај Прилеп-Росоман
    • Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Дојран: Пријателството заврши со убиство – со шипка пијан пола саат го тепал другар му пред кафеана

    Дојран: Пријателството заврши со убиство – со шипка пијан пола саат го тепал другар му пред кафеана

    04.11.2025 во 11:13
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Основното јавно обвинителство Гевгелија отвори истрага против едно лице осомничено за убиство по член 123 став 1 од Кривичниот законик, откако на 1 ноември попладне, во селото Сретеново, Општина Дојран, со умисла лишил од живот свој познаник.

    Според информациите, осомничениот и сега починатиот Никола Тимев претходно биле пријатели и заедно седеле пред еден угостителски објект, каде пиеле. Меѓу нив настанала вербална расправија, која брзо прераснала во физичка пресметка.

    Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на рацете, нозете и черепот. Нападот траел речиси половина час, по што напаѓачот го оставил тешко повредениот Тимев на скалите и побегнал од местото.

    Случајни минувачи го забележале повредениот и повикале итна медицинска помош. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но поради тешките повреди и обилното крварење подоцна починал.

    Јавниот обвинител достави предлог за притвор до судијата на претходна постапка, бидејќи постои опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоците во текот на истрагата.

    Инцидентот го потресе мирното дојранско село, а истрагата треба да ги утврди сите околности што довеле до овој трагичен настан.

    Популарно

    Жени се тепале во Неготино: Една во болница, три во станица

    04.11.2025 во 11:36

    Брат ми се бори за живот, а човекот што проба да го убие шета во Грција: Граѓанин го прозва министерот Тошковски

    03.11.2025 во 17:59

    Како успеа Мицкоски да го исели Јакимовски од Карпош

    04.11.2025 во 12:01

    ЗНАМ: ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ

    04.11.2025 во 09:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.