Close Menu
    Најново

    Силјановска-Давкова: Време е за ограничување на мандатите на градоначалниците – власт мора да ограничува власт

    03.11.2025 во 22:19

    Косово забрани хиџаб во училиштата

    03.11.2025 во 22:02

    Џенифер Анистон има дечко

    03.11.2025 во 21:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Силјановска-Давкова: Време е за ограничување на мандатите на градоначалниците – власт мора да ограничува власт
    • Косово забрани хиџаб во училиштата
    • Џенифер Анистон има дечко
    • САД потопија „дрогов брод“ во Карибите, Москва реагира остро и ја поддржува владата на Мадуро
    • Се урна кула во Рим – едно лице итно транспортирано в болница
    • САД ја тестираат нуклеарната моќ: Minuteman III тргнува кон Тихиот Океан
    • Третина од сите борби во Украина се водат во Покровска: Зеленски ја откри драматичната состојба на фронтот
    • Карлос Мазон поднесе оставка поради скандалот со смртоносните поплави
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност

    Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност

    03.11.2025 во 11:25
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Штедењето е системска неопходност и важен фактор за одржлив економски раст и за финансиска стабилност“, порача гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на настанот по повод Светскиот ден на штедењето, којшто се одржа во организација на Македонската банкарска асоцијација, во присуство на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, директорот на Фондот за осигурување депозити, Бехар Емини, претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева и претставници од банкарскиот сектор.

    Во своето обраќање, гувернерот нагласи дека во време на светска неизвесност и последователни кризи, штедењето претставува темел на отпорноста на економијата и на стабилноста на финансискиот систем. „Отпорноста не е реакција, туку прашање на претходна подготвеност – градење простор за справување со кризите пред да се случат“, истакна Славески.

    Тој посочи дека и покрај бројните шокови во последните години, кај граѓаните е задржана склоноста кон штедење и довербата во банкарскиот систем. Според податоците, во септември 2025 година, депозитите на домаќинствата достигнале 427 милијарди денари, што претставува раст од над 50% од почетокот на пандемијата. Зголемен е и уделот на денарските и на долгорочните депозити, што придонесува за стабилност и ја зајакнува отпорноста на економијата.

    Гувернерот нагласи дека поттикнувањето на штедењето е од суштинско значење за зголемување на потенцијалот за раст и за намалување на зависноста од надворешни извори на финансирање, особено во контекст на светски економски промени, геополитички тензии и структурни предизвици. Според него, економиите во регионот мора повеќе да се потпираат на сопствените заштеди како двигател на инвестициите и долгорочната стабилност.

    „Во свет полн со неизвесност, претпазливоста е најкредибилната константа, а штедењето е системска неопходност“, истакна Славески, додавајќи дека негувањето на културата на штедење и финансиска одговорност во рамки на семејствата, институциите и општеството е вложување не само во личната сигурност, туку и во економската сила на државата.

    Популарно

    Брат ми се бори за живот, а човекот што проба да го убие шета во Грција: Граѓанин го прозва министерот Тошковски

    03.11.2025 во 17:59

    Му покажуваше заби на премиерот па свитка опаш: Од денеска сум невработен – има ли некаде работа

    03.11.2025 во 13:14

    Загинатиот велосипедист е Јорго Ќуќа поранешен директор на Охис

    03.11.2025 во 19:11

    52-годишник од Неготино претепал тинејџерка од Прилеп

    03.11.2025 во 13:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.