Close Menu
    Најново

    ЕВН најави исклучувања, голем број општини ќе останат без струја

    03.11.2025 во 09:15

    Денеска не излегувајте без чадор: Попладне се очекува дожд

    03.11.2025 во 09:07

    Мицкоски во Брвеница: Вечева славиме за Македонија

    02.11.2025 во 23:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ЕВН најави исклучувања, голем број општини ќе останат без струја
    • Денеска не излегувајте без чадор: Попладне се очекува дожд
    • Мицкоски во Брвеница: Вечева славиме за Македонија
    • Ѓорѓиевски: Скопје е ослободено!
    • Герасимовски: Центар е во сигурни раце
    • ВЛЕН: Станавме втора политичка сила во државата
    • ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во 22 општини
    • Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната, ние сме вашата опција 
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Герасимовски: Центар е во сигурни раце

    Герасимовски: Центар е во сигурни раце

    02.11.2025 во 23:18
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, вечерва во изјава за медиумите потенцираше дека денеска победи Центар што го сакаме, победија граѓаните на фер и демократски избори. Во продолжиме, Ви го пренесуваме неговото целосно обраќање:

    „Денес е голем ден за сите нас. Денес победи Центар што го сакаме! Денес победија граѓаните домаќини, победи прогресивното, модерното, чесното, слободното и правичното! На слободни, на фер и демократски избори!

    На почетокот сакам од срце, искрено да се заблагодарам на сите граѓани кои гласаа за мене и за нашата советничка листа. Бидете уверени, го направивте одличниот избор. 

    Се заблагодарувам на сите Вас, носители на победата, на нашиот Штаб, на сите членови и симпатизери на СДСМ, на сите волонтери, кои макотрпно и вредно, учествуваа во секоја минута од оваа кампања.

    Направивме голема, направивме огромна работа! Да се биде градоначалник е врвна чест и признание. Да те изберат двапати, за мене значи најголемо признание и чест. Уште повеќе, тоа за мене е највисока одговорност и обврска, која целосно ја прифаќам и која целосно ќе ја исполнам, заедно со нашиот тим.  Како победивме на овие тешки избори? Победивме, затоа што работевме четири години, а не 30 дена. Затоа што ветувавме тоа што е потребно и реално, а не измислени прииказни, филмови и лаги. Затоа што тоа што го ветивме го исполнивме.

    Затоа што знаевме да слушаме, да комуницираме, да слушаме од паметните, затоа што обединувавме, а не делевме, затоа што говоревме со јазикот на народот, и не навредувавме и не се каравме. Најважно од се, имавме јасен пат. Знаевме каде, зошто и за кого работиме и се движиме.

    Се водевме од принципи, а не од дневна политика. За нас слободата, еднаквоста, солидарноста, правичноста се највисоки вредности и принципи, како жива сила, а не зборови на хартија. Се водевме од чесност и праведност, и секогаш знаевме дека постоиме заради граѓаните, а никако обратно. Е ако така се работи, а ние така работевме, поддршката од граѓаните сигурно доаѓа. Тоа е потешкиот, но единствениот пат.
    Во оваа кампања се соочивме со нефер противници. Ако ние водевме фер и конструктивна кампања, тие правеа се спротивно.

    Ме навредуваа, ме клеветеа, лажно ме обвинуваа и си ги припишуваа резултатите себе си. И тоа луѓе, наши довчерашни соборци и соборки, кои од нивни, целосно промашени и лични, ефтини, мотиви, решија да бидат на страната на фотељашите, на кариеристите, на властољупците, на неработниците, на профитерите. И како што бива, изгубија. Исчезнаа, пропаднаа, останаа тивки вечерва. Граѓаните ги победија, им пратија трајна порака. Бидејќи Центар е паметен, мудар, искусен, ги препознава лажните ликови и нивните интереси, тие во Центар не поминуваат. Се покажа дека доброто со добро се враќа, работата со признание се враќа, а успехот од сето тоа е заеднички. Уште еднаш се покажа дека силата е во заедништвото, во вистината, во правдата…

    Ние ќе продолжиме понатаму како и досега, со силен мотив, со моќна работа да ги спроведуваме ветените Проекти. Затоа што тие им помагаат на граѓаните.

    Центар го подигаме на ново, повисоко ниво. Продолжуваме да ја пишуваме нашата заедничка нова приказна. Вечер ќе славиме, а од утре наутро, продолжуваме со силна работа. Сите Ве уверувам, се што кажавме, се ќе исполниме. Ќе бидеме вистинскиот пример и за Центар и за цела држава, за резултати, за чесност, за вредностите. Ќе бидеме оригинален позитивен пример, но и алтернатива на сите погрешни политики.

    Сосема на крајот, уште еднаш Ви се заблагодарувам за се што направивте. И сакам емотивно, да се заблагодарам на моето семејство, на Елена, на Стефан и Борјан , на мајка ми Цана и татко ми Дончо, на брат ми Игор и Сандра и внуците, за емотивната поддршка во целиот период. Знаевме дека нема да биде лесно, но и знаевме дека ќе бидеме силни и ќе победиме. Ви благодарам. Драги сограѓани,
    Центар што го сакаме е победнички, тој е во сигурни, тој е во вашите раце. Да сте живи и здрави, Да живее СДСМ, да живее Центар!“.

    Популарно

    Ова беа нечесни избори со купени гласови и злоупотреба на државните ресурси во корист на власта

    02.11.2025 во 20:18

    Мециновиќ до гласачите на СДСМ: Браната е пукната, ние сме вашата опција 

    02.11.2025 во 22:46

    Апасиец: Левица е прва партија, дури и пред ВМРО-ДПМНЕ во Центар, Карпош и урбаниот дел од Аеродром

    02.11.2025 во 22:45

    ДИК: Ѓорѓиевски со убедливо водство, обработени 59,93% од гласовите за градоначалник на Град Скопје

    02.11.2025 во 20:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.