Close Menu
    Најново

    Раскол во ЕУ: Мерц ќе го казни Макрон затоа што не ја поддржал употребата на замрзнатите руски средства

    22.12.2025 во 10:14

    Советот на јавни обвинители денеска ќе избира наследник на Коцевски

    22.12.2025 во 10:03

    Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци

    22.12.2025 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Раскол во ЕУ: Мерц ќе го казни Макрон затоа што не ја поддржал употребата на замрзнатите руски средства
    • Советот на јавни обвинители денеска ќе избира наследник на Коцевски
    • Грците тестираат специјални сообраќајни камери, ловат се „живо“: За 4 дена регистрирани повеќе од 2.000 прекршоци
    • СДСМ: Врват криминални тендери на ДПМНЕ додека Скопје се гуши во загаден воздух
    • Дневен хороскоп: Неочекуван потег во приватниот живот кај вагата, на Водолијата се отвораат патиштата кон иднината
    • ВМРО-ДПМНЕ: Преку наместен тендер во ЕСМ „испрани“ два милиони евра
    • Внимавајте: Има густа магла на повеќе патни правци – видливоста намалена до 100 метри
    • Нови цени на горивата од полноќ
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Скандал во Кавадарци: Директорка уценувала наставничка откако нејзина колешка ја „хакирала“ и приватните разговори ѝ ги предала на директорката  

    Скандал во Кавадарци: Директорка уценувала наставничка откако нејзина колешка ја „хакирала“ и приватните разговори ѝ ги предала на директорката  

    01.11.2025 во 13:43
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Наставничка начекала отворен приватен профил на социјална мрежа на службен лап топ. Од профилот, кој припаѓал на нејзина колешка, направила фотографии од приватни разговори кои потоа ги доставила до директорката на училиштето, и други колеги.

    Според пријавата во кавадаречката полиција, откако укажала на наставнички совет дека некој шири слики од нејзини приватни разговори, наставничката добила закана од директорката дека доколку случајот го пријави, пораките ќе бидат испратени до други колеги.

    47-годишната ставничка В.Т. и 52-годишната директорка на училиштето М.Т. заработија кривична пријава за „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ по член 2251 и „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 од Кривичниот законик. 

    „В.Т., вработена како наставник во училиште во Кавадарци, прво на 04.09.2025, во една од училниците, на службен лап топ компјутер го затекнала отворен приватниот профил на социјална мрежа на една колешка и неовластено фотографирала приватни разговори, со цел да ги пренесе на М.Т., директорка на училиштето. Исто така, В.Т. успеала да ја пронајде и лозинката од профилот на оштетената, по што на 05.09.2025 и 07.09.2025, повторно неовластено фотографирала лични пораки и ги дала на М.Т., која пак ги праќала на други колеги. На 19.09.2025, на наставнички совет што се одржал во училиштето, откако оштетената укажала дека непознато лице фотографирало нејзини приватни разговори кои се пратени до други лица, М.Т. и се заканила дека доколку пријави, сите пораки што ги поседува ќе ги испратела до други колеги.“, велат од полицијата.

    Популарно

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    17.12.2025 во 09:44

    Агелер: Прашањето за мигрантите да не се користи за собирање политички поени

    17.12.2025 во 09:41

    Нови цени на горивата од полноќ

    22.12.2025 во 09:30

    Манасиевски: Наместо одговорност за сликите со дрога, Филипче го награди Јон Фрчковски со функција

    21.12.2025 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.