Close Menu
    Најново

    Испливаа нови детали за несреќата со излетаното комбе полно со деца – со возилото управувал тренерот

    02.11.2025 во 15:28

    Девет лица уапсени во битолско: Организирале нелегални борби со кучиња

    02.11.2025 во 15:13

    Пресс24 анализа: Намален интерес во Скопје за гласање

    02.11.2025 во 14:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Испливаа нови детали за несреќата со излетаното комбе полно со деца – со возилото управувал тренерот
    • Девет лица уапсени во битолско: Организирале нелегални борби со кучиња
    • Пресс24 анализа: Намален интерес во Скопје за гласање
    • (Табеларен приказ) Пресек до 13 часот: Општини со најголема и најмала излезеност
    • ДИК: Излезеноста до 13 часот е 18.05%
    • Трагедија во Богданци: Жител починал од повреди по физичка пресметка
    • ВИДЕО: Ако видите нарушувања на изборниот процес свртете 192
    • Црногорската полиција приведе државјанка на Македонија поради измама од 10.000 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Тага во Нови Сад: Една година потоа правдата сѐ уште се чека

    Тага во Нови Сад: Една година потоа правдата сѐ уште се чека

    01.11.2025 во 13:27
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Колони граѓани од цела Србија денеска се упатуваат кон Нови Сад за да присуствуваат на комеморативниот собир по повод годишнината од трагедијата на железничката станица, во која загинаа 16 лица, вклучително и еден македонски државјанин.

    Граѓаните во Нови Сад палат свеќи и оставаат цвеќе на оградата на железничката станица. Во градот има огромно полициско присуство. Поставени се и штандови со вода и сокови за присутните на комеморацијата. 

    Трагедијата се случи пред точно една година кога се урна бетонска настрешница на реновираната станица. Во несреќата загинаа 16 луѓе, а едно девојче беше тешко повредено. До денес, за несреќата не е утврдена кривична одговорност. Во Србија денеска е прогласен и Ден на жалост.

    По повод годишнината, во Белград се одржа парастос за жртвите во храмот Свети Сава, на кој присуствуваа претседателот Александар Вучиќ и членови на Владата.

    Патријархот Порфирије во својата беседа повика на мир.

    „Прво во секој од нас, потоа мир меѓу нас. Нека Господ ни даде на сите нас, духовните чеда на Свети Сава, спознание дека сме потребни едни на други, чувство дека сме едно“, рече патријархот Порфирије.

    Претседателот Вучиќ преку Инстаграм порача дека овој ден ја променил Србија засекогаш.

    „Помина една година од денот што ја промени Србија засекогаш. Шеснаесет животи беа згаснати поради падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Денеска палиме свеќа за секој од нив, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и сеќавања засекогаш ќе останат во нашите срца“, рече Вучиќ.

    Популарно

    ВИДЕО: Го сликал гласачкото ливче – заврши зад решетки

    02.11.2025 во 11:04

    Aко не се изврши избор на градоначалник – Владата именува повереник

    02.11.2025 во 09:06

    Фатени во шема: Службеници во Матично и МВР преку лажен упис на брак овозможиле жена да добие двоен идентитет и втор пасош

    01.11.2025 во 13:52

    Пробиштип и Лозово општини на врвот по излезеност до 9 часот

    02.11.2025 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.