Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски за Преспанскиот договор: Ветуваа бесплатно здравство и образование, а добивме само членство во НАТО

    17.06.2026 во 14:03

    Шукова: Власта ветуваше промена на Преспанскиот договор, а сега ја држи државата во место без стратегија

    17.06.2026 во 14:01

    Отишол да раскине договор за стан во Карпош, па се пресметале со сопственикот и агент за недвижности – Инцидент во Скопје

    17.06.2026 во 14:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски за Преспанскиот договор: Ветуваа бесплатно здравство и образование, а добивме само членство во НАТО
    • Шукова: Власта ветуваше промена на Преспанскиот договор, а сега ја држи државата во место без стратегија
    • Отишол да раскине договор за стан во Карпош, па се пресметале со сопственикот и агент за недвижности – Инцидент во Скопје
    • Трагедија во кривопаланечко: Вработен во ЕВН починал додека извршувал работни задачи
    • Мицкоски најави викенд-средби со ВРЕДИ и ЗНАМ за реконструкција на Владата
    • Мицкоски од Струмица: Здравството останува наш силен фокус, болницата целосно во функција од септември
    • Трагедија во Зелениково: Маж пронајден починат под сопствениот мотокултиватор
    • Малолетник тешко повреден, со велосипед се забил во ѕид од куќа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанев: Полицијата е подготвена да обезбеди демократски изборен процес без притисоци и закани

    Јанев: Полицијата е подготвена да обезбеди демократски изборен процес без притисоци и закани

    30.10.2025 во 17:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во рамки на својата работна посета на ОВР Кичево, оствари средба со раководствата на Секторот за внатрешни работи Охрид и Регионалниот граничен центар Запад.

    На средбата беа разгледани последните случувања поврзани со инволвираност на полициски службеници од Кичево во случајот со грабежот во златара во Гостивар, како и општата безбедносна состојба, со особен фокус на општините каде што ќе се одржи вториот круг од локалните избори.

    Директорот Јанев изрази благодарност до сите полициски службеници кои секојдневно ја извршуваат својата должност со интегритет, посветеност и висок професионализам, охрабрувајќи ги и понатаму да постапуваат чесно, одговорно и непристрасно, како клучен фактор во одржувањето на јавната безбедност и довербата на граѓаните во институциите.

    При тоа, тој јасно и недвосмислено истакна дека нема и нема да има никаква толеранција кон незаконско или недозволено постапување. Секој кој ќе се обиде да го наруши законот, интегритетот на службата или демократските правила, без разлика на функцијата или позицијата, ќе се соочи со брза, стручна и решителна полициска реакција.

    Во пресрет на вториот изборен круг, беше нагласено дека полициските службеници ќе бидат соодветно распоредени на сите избирачки места и на потенцијално ризичните локации. Во овој регион, како и долж граничниот појас, дополнително се засилуваат безбедносните мерки со современи технички средства, вклучително и воздушен мониторинг со дронови.

    „Нашата мисија е јасна – да обезбедиме мирен, безбеден и демократски изборен процес, да ги заштитиме граѓаните, нивното право на слободно гласање и основните демократски вредности“, истакна директорот Јанев, додавајќи дека полицијата ќе ги преземе сите неопходни мерки за граѓаните да можат да гласаат без страв, без притисок и без закани.

    На крајот, тој потенцираше дека полицијата останува партнер на граѓаните и еден од главните заштитници на безбедносните, правните и демократските вредности на државата.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски за Преспанскиот договор: Ветуваа бесплатно здравство и образование, а добивме само членство во НАТО

    17.06.2026 во 14:03

    Шукова: Власта ветуваше промена на Преспанскиот договор, а сега ја држи државата во место без стратегија

    17.06.2026 во 14:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.