Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23

    Ведрана Рудан живеела во куќа стара 400 години

    18.08.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ристовски на централната свеченост во Охрид: Армијата е еден од столбовите на нашата државност
    • Гаши: Инвестирањето во Армијата е инвестиција во мирот
    • Филипче: Горди сме на македонската Армија
    • Ужас во Кисела Вода: Маж ја претепал бремената сопруга
    • ЦУК со најнови податоци: Активни се пет пожари на отворено, зафатена е и куќа во Старо Нагоричане
    • Масовна пресметка со камења во Батинци: Приведени осум лица и двајца малолетници, оштетено и полициско возило
    • Вознемирена мајка се јавила во Полициска станица Кисела Вода: Мојата 14-годишна ќерка е силувана
    • Турнал скала со вработен во ЕВН и физички нападнал друг со тврд предмет – полицијата приведе скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во трагедијата во Турција: Од цело семејство – преживеа само една ќерка

    Во трагедијата во Турција: Од цело семејство – преживеа само една ќерка

    30.10.2025 во 13:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешка трагедија ја потресе Турција откако седумкатна станбена зграда се урна во градот Гебзе, во населбата Мевлана, при што животите ги загуби речиси цело едно семејство.

    Од петчленото семејство Билир, спасувачите успеале да ја извлечат жива само 18-годишната Дилара Билир, по осум часа непрекината спасувачка акција. Таа била свесна и во стабилна состојба, по што веднаш е пренесена во болница.

    Денеска, спасувачките екипи ги пронајдоа и телата на нејзините родители, Левент и Емине Билир, со што операцијата за пребарување и спасување беше завршена.

    Трагедијата се случила вчера околу 7 часот наутро, кога зградата на улицата Исикгол се урнала од засега непознати причини.

    Од раните утрински часови на терен биле распоредени стотици спасувачи, кои со тешка механизација ги отстранувале бетонските блокови и остатоците од зградата. Како мерка на претпазливост, беа евакуирани 12 околни згради, а улицата беше целосно затворена за сообраќај и обезбедена со челични бариери.

    Првично беа пронајдени телата на 12-годишниот Мухамет Емир и 14-годишната Хајруниса, децата на семејството Билир. Со пронаоѓањето на телата на родителите, трагедијата доби најтежок исход – Дилара остана единствената преживеана членка на семејството.

    Прочитај повеќе

    Уапсен осомничениот за убиството на францускиот турист во Ксамил, се криел во багажник

    18.08.2026 во 13:29

    Убиство во Ксамил: Французин избоден на лежалка на плажа

    18.08.2026 во 12:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.