Close Menu
    Најново

    Туск: Мировните преговори за Украина се далеку од завршени

    29.12.2025 во 21:02

    2026 ќе биде најсреќната година за овие три хороскопски знаци

    29.12.2025 во 20:50

    Влада на Мелони усвои декрет за продолжување на воената помош за Киев

    29.12.2025 во 20:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Туск: Мировните преговори за Украина се далеку од завршени
    • 2026 ќе биде најсреќната година за овие три хороскопски знаци
    • Влада на Мелони усвои декрет за продолжување на воената помош за Киев
    • Зеленски бара долгорочни безбедносни гаранции од САД за Украина
    • БиХ го легализираше канабисот за медицински цели
    • (ВИДЕО) Лукашенко се струполи на мразот
    • За првпат во македонската историја -„Македонски етимолошки речник“ 
    • Смртоносно невреме во јужна Шпанија: Реки однесоа возила и животи
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното

    Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното

    29.10.2025 во 21:24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Нема општина во која СДСМ има градоначалник, а да ветената програма не е завршена 90 или 100 проценти“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанскиот собир во Конче, за поддршка на кандидатот за градоначалник Благој Илиев.

    Тој истакна дека граѓаните најдобро ја чувствуваат разликата кога општините ги водат луѓе кои работат чесно и посветено во интерес на сите.

    „Многу добро знаете како Благојче работеше во минатиот мандат, како се однесуваше додека беше градоначалник, дека вратата му беше секогаш отворена и дека работеше за доброто на општината и на вас, граѓаните“, порача Филипче.

    Претседателот на СДСМ во своето обраќање тој нагласи дека токму оваа разлика меѓу одговорно и неодговорно владеење се гледа насекаде низ државата.

    „Нема општина во држава во која што има градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, а да програмата е завршена повеќе од 20 проценти. Како да се натпреваруваат кој помалку ќе работи за граѓаните“, рече Филипче.

    Тој повика граѓаните на Конче во недела да излезат масовно и да го дадат својот глас за бројот 5, за континуитет на развојот и за градоначалник кој им служи на граѓаните, не на партијата.

    „За Благој Илиев, за старо-новиот градоначалник, затоа што таков градоначалник заслужувате, кој што ќе ви служи вам, не на мене, кој што ќе ви одговара пред вас, не пред мене, за да Конче и целиот регион продолжи да се развива“, порача Филипче вечерва од Конче.

    Популарно

    Дали од денеска ќе возиме најевтин дизел во последните 3 години?

    29.12.2025 во 10:32

    Македонија мрзне, утрово измерени -8 степени во овој град

    29.12.2025 во 08:59

    Се воведуваат строги забрани: Од 1 јануари „Еуро 5“ дизел возилата веќе не смеат да се движат низ градот

    29.12.2025 во 16:13

    Кавадарци: И полицијата се збунила кога видела дека вози толку пијан

    29.12.2025 во 11:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.