Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31

    Рација на МВР во 60 кафулиња, дискотеки и казина – апсења и затворени локали

    18.10.2026 во 15:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Екс градоначалникот на Лозово му фрли ракавица на Филипче: Подготвен сум да ја преземам партијата
    • Николоски со честитки за Радичевски: „Силно ВМРО-ДПМНЕ, силна Македонија”
    • Серија руски ракетни напади врз Киев: Граѓаните велат дека предупредувањата доцнат
    • ВИДЕО: Малолетник дивеел со мотор на едно тркало – Македонската полиција го фати, возел и без дозвола
    • Таравари: Во втор круг нема партии – Сите Албанци во Брвеница да се обединат околу албанскиот кандидат на ДУИ
    • Дојави за бомби во Србија: Итно евакуирани училишта во Белград, Нови Сад и Бачка Паланка
    • Од полноќ не чека ново но мало поскапување на дизелот
    • Есенска акција во Центар: Се сузбиваат глодарите на целата територија на општината
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Екс градоначалникот на Лозово му фрли ракавица на Филипче: Подготвен сум да ја преземам партијата

    Екс градоначалникот на Лозово му фрли ракавица на Филипче: Подготвен сум да ја преземам партијата

    19.10.2026 во 11:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Екс градоначалникот на малата општина Лозово на социјалните мрежи објави дека сака да ја преземе партијата на Бихаќка.

    „ До кога ќе молчиме? До кога ќе се правиме дека сè е во ред, додека луѓето што со години ја градеа оваа партија ја губат вербата, достоинството и надежта? До кога ќе гледаме како се распаѓа нешто за што генерации наши членови се бореа со срце, со идеали и со огромни лични жртви?

    СДСМ не е ничија приватна сопственост. СДСМ е идеја, историја, вредност и дом на илјадници луѓе кои верувале дека оваа партија може да донесе подобра иднина за Македонија.

    А денес, наместо надеж, меѓу многу наши членови има разочарување. Наместо единство — поделби. Наместо јасна визија — неизвесност. Наместо одговорност — премолчување.

    И за тоа мора да има одговорност!

    Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат.“ – пишува тој на социјалните мрежи.

    Во текстот кој доаѓа на еден ден по вонредните избори во Брвеница, Велковски вели дека е подготвен да ја поведе партијата кон како што вели, нови успеси

    „ Јас не сакам да бидам дел од распадот на СДСМ. Сакам да бидам дел од неговото повторно раѓање!

    И затоа денес отворено го кажувам она во што верувам: подготвен сум да преземам одговорност, да ја обединам партијата и да работам на создавање нова, силна и организирана социјалдемократска сила.

    Сакам и можам да ги спојам луѓето што се разочарани, оние што се чувствуваат отфрлени, оние што се повлекоа во тишина, но и оние што никогаш не престанаа да веруваат во идеалите на СДСМ.

    Не ветувам чуда. Ветувам работа, искреност, отчетност и борба за секој член, за секоја општинска организација и за секој граѓанин што очекува од нас да бидеме вистинска алтернатива.“ – пишува Велковски.

    За неговиот мандат како градоначалник на Лозово во архивата на медиумите може да се најде информација дека вработена го обвинувала за мобинг, како и вести дека на празнична лотарија организирана од општианта, главната награда, шпорет ја извлекла токму неговата ќерка.

    Прочитај повеќе

    Николоски со честитки за Радичевски: „Силно ВМРО-ДПМНЕ, силна Македонија”

    19.10.2026 во 11:01

    Таравари: Во втор круг нема партии – Сите Албанци во Брвеница да се обединат околу албанскиот кандидат на ДУИ

    19.10.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.