Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп гради нова балска сала – и отпушта цела федерална комисија

    Трамп гради нова балска сала – и отпушта цела федерална комисија

    29.10.2025 во 17:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги отпушти сите шест членови на независната федерална Комисија за ликовни уметности, која планираше да ги разгледа неговите градежни проекти, вклучително и изградбата на нова балска сала, поради што се урива Источното крило на Белата куќа.

    – Се подготвуваме да именуваме нов состав на Комисијата, чии членови ќе бидат повеќе усогласени со политиката на претседателот Трамп – „Америка на прво место“, изјави неименуван претставник на Белата куќа.

    Комисијата за ликовни уметности, составена од архитекти и урбанисти, е формирана од Конгресот пред сто години, како советодавно тело за дизајн на градежни проекти во главниот град на САД.

    Отпуштените членови беа именувани од поранешниот претседател на САД, Џо Бајден.

    Изградбата на балската сала „Трамп“ во Белата куќа започна минатата недела и се очекува да чини повеќе од 250 милиони долари.

    Демократскиот сенатор Адам Шиф и неколку други сенатори вчера побараа од Белата куќа да достави целосен извештај за тоа како администрацијата го финансира проектот за балската сала.

    – Нетранспарентната природа на оваа шема ги зголемува загриженостите дека претседателот Трамп повторно го продава претседателскиот пристап на поединци или субјекти, вклучувајќи странски државјани и корпоративни актери, со лични интереси во федералните акции, наведе Шиф во писмо до шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс.

    Трамп, поранешен инвеститор во недвижнини, наведе дека тој и донаторите ќе платат за изградбата на балската сала во Белата куќа.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“

    17.08.2026 во 23:21

    Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“

    17.08.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.