Close Menu
Press24
    Најново

    Русија со предупредување: Србија е цел на сценарио за промена на власта по моделот на Евромајдан

    18.06.2026 во 23:51

    Вучиќ: Силниот не е оној што никогаш не паѓа, туку оној што секој пат станува

    18.06.2026 во 23:39

    Тетовчанка подолг период правела лажни машки профили на социјалните мрежи

    18.06.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Русија со предупредување: Србија е цел на сценарио за промена на власта по моделот на Евромајдан
    • Вучиќ: Силниот не е оној што никогаш не паѓа, туку оној што секој пат станува
    • Тетовчанка подолг период правела лажни машки профили на социјалните мрежи
    • Заминал за Италија па му се запалила куќата во Македонија
    • Изнајмил автомобил од рент-а-кар, па му го одзеле со закана и го продале: Две лица заработија кривични
    • Заострување на казните и поголема старосна граница: Се менува Законот за воведените електрични тротинети
    • Летал со 188 км/ч со „Порше“ на автопатот Куманово-Скопје, полицијата му го одзеде возилото
    • (ФОТО) Тажна вест: Почина познатиот пејач Алекс Буено
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Октомври најсмртоносен месец годинава за мигрантите и бегалците во Егејското море

    Октомври најсмртоносен месец годинава за мигрантите и бегалците во Егејското море

    29.10.2025 во 12:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со вкупно 15 загинати во седум одвоени случаи, октомври е најсмртоносниот месец годинава за мигрантите и бегалците, кои по морски пат преку Егејското море се обидуваат да стигнат до Европа, соопштија од УНХЦР, јави дописничката на МИА од Атина.

    Од УНХЦР изразија длабоко жалење за „континуираните загуби на животи во Егејското Море“ и се осврнаа на последниот случај од понеделникот, кога четири лица се удавија, а 31 беа спасени по бродолом кај островот Лезбос.

    – Овој трагичен случај го зголемува бројот на смртни случаи во Егејското Море овој месец на 15, во седум одделни инциденти во близина на островите Лезбос, Самос, Родос, Хиос и Фармакониси. Речиси половина од сите пријавени смртни случаи во Егејското Море досега во 2025 година се случиле само во октомври. Многумина од оние што се обидуваат да ги преминат овие опасни морски премини бегаат од конфликти, прогон и сериозни кршења на човековите права. Досега оваа година, 37 лица го загубија животот, а најмалку девет се водат како исчезнати во 24 одделни инциденти во Егејското Море. Трагични загуби на животи што можеше да се избегнат, соопштија од УНХЦР.

    Додадоа дека иако оваа година пристигнувањата во Европа се намалени во споредба со 2024 година, „бројот на загубени животи во море останува алармантно висок“, посочувајќи дека низ медитеранските и западноафриканските морски рути, „оваа година загинаа или исчезнаа над 1.600 луѓе, наспроти 3.530 лани“. 

    Прочитај повеќе

    Русија со предупредување: Србија е цел на сценарио за промена на власта по моделот на Евромајдан

    18.06.2026 во 23:51

    Вучиќ: Силниот не е оној што никогаш не паѓа, туку оној што секој пат станува

    18.06.2026 во 23:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.