Close Menu
Press24
    Најново

    Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали

    10.06.2026 во 19:16

    Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

    10.06.2026 во 19:00

    Скопската вода е безбедна за пиење

    10.06.2026 во 18:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали
    • Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија
    • Скопската вода е безбедна за пиење
    • Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки
    • Петкоска до Тренчевска: Го оставивте земјоделството во хаос,  а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето
    • Стојаноска до Тренчевска: Да имавте вие министер за земјоделие како што е Трипуновски сега немаше да седите во опозициските клупи и да молчите криејќи се од правдата
    • Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија
    • Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВИДЕО: МВР со детали за кривичната за директорот и управителот во „Комунална хигиена“

    ВИДЕО: МВР со детали за кривичната за директорот и управителот во „Комунална хигиена“

    28.10.2025 во 13:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска (28.10.2025) СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. (38) и А.С. (55) до Основното јавно обвинителство Скопје поради сомненија за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничените, С.Р. како в.д. директор, а А.С. како управител за отпад во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, заедно постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање на безопасен отпад на подрачјето на град Скопје, како и на обврските предвидени во Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад и на Оперативниот план за одржување на јавната чистота во Градот. Со пропуштање на целосниот надзор на собирањето и транспортирањето на комунален отпад, како и со непрописно управување со отпадот тие овозможиле во текот на месецов да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на предвидените садови за собирање комунален отпад, со што предизвикале значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата и го довеле во опасност животот и здравјето на луѓето од предизвикување заразни или други болести.

    Ваквите сомненија се утврдени и констатирани со вонредните инспекциски надзори од овластените локални инспектори за животна средина кои излегоа на терен по насоки на јавното обвинителство, како и со експертско мислење за влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење заразни заболувања од ЈЗУ Институт за јавно здравје на РСМ.

    Прочитај повеќе

    Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали

    10.06.2026 во 19:16

    Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

    10.06.2026 во 19:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.