Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски од Маџир Маало: Ќе работиме да го решиме урбанистичкиот хаос во Центар

    Николоски од Маџир Маало: Ќе работиме да го решиме урбанистичкиот хаос во Центар

    28.10.2025 во 12:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, денеска беше во Маџир Маало, во општина Центар, каде заедно со кандидатот за градоначалник на општината, Мирослав Лабудовиќ, даде изјава за состојбите во овој дел од градот. Тој посочи дека поединци блиски до актуелното раководство на општина Центар го гледаат урбанизмот единствено низ призма на личен финансиски интерес, а поради тоа, граѓаните во Маџир Маало живеат во услови кои не доликуваат на 21 век.

    ,,Денеска ќе се видиме и ќе поразговараме со жителите на Маџир Маало, ова е срцето на главниот град, срцето на Скопје. За жал луѓето живеат во супстандардни услови и овде можете на дело да видите како изгледа урбанистичкиот хаос и создавање на урбанизам само во интерес на поединци“, кажа Николоски и додаде:

    ,,Затоа што поединци кои што се блиски на актуелното раководство на општина Центар, не можат тука да си го најдат финансискиот интерес и не можат тука да најдат бизнис. Затоа луѓето овде живеат во една ситуација која што не приличи на 21 век“.

    Николоски укажа и на примерот со новите згради кои се градат во Маџир Маало, каде што тесните улици создаваат проблем и за новите жители, но и за оние кои веќе живеат тука.

    ,, Низ оваа тесна уличка треба да поминуваат сите кои што ќе живеат во овие нови згради кои што се градат тука, а од другата страна зад мене не можат луѓето да си стигнат до куќите. Ова на најдобар начин покажува на кој начин се уништува општина Центар и зошто се потребни промени во општина Центар“, истакна Николоски.

    Николоски потсети дека, откако е министер за транспорт и врски, гласно зборува за урбанистичките проблеми и во општина Центар и во општина Карпош.

    ,,Јас многу гласно и за општина Центар и за општина Карпош зборувам откако сум избран за министер. Предложив на двете општини и на двата актуелни градоначалници да донесеме специјални закони за општина Центар и за општина Карпош, кои што би дале развој, но би го заштитиле во исто време урбаното живеење. Двајцата не се согласија, и ги гледаме сега причините зошто“, рече Николоски.

    На крај, Николоски истакна дека заедно со кандидатиот за градоначалник на општина центар, како иден градоначалник на општина Центар, ќе работат на решавање на проблемите на жителите од Маџир Маало.

    ,,Ќе работиме да ги решиме овие проблеми и луѓето кои тука денеска разговараат со нас, од Маџир Маало конечно да добијат пристојни услови за живот“, заклучи Николоски.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.