Close Menu
    Најново

    Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите

    28.10.2025 во 21:32

    Дојави за бомби и во скопските училишта: Полицајците го пребаруваат секој агол

    28.10.2025 во 21:19

    Митески: Во Аеродром првпат градиме основно училиште, градинка и спортска сала истовремено

    28.10.2025 во 21:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Зеленски ја обвини Кина: Испорачуваат машини за руско производство на оружје и помагаат во заобиколување на санкциите
    • Дојави за бомби и во скопските училишта: Полицајците го пребаруваат секој агол
    • Митески: Во Аеродром првпат градиме основно училиште, градинка и спортска сала истовремено
    • Ѓорѓиевски: Спречивме ДУП со 99 згради во Расадник, ја сопревме бетонизацијата 
    • Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто
    • Петрушевски: Очекувам убедливата победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ уште посилно да се рефлектира во вториот круг 
    • Сајкоски од Кичево: На 2 ноември масовно да гласаме за Александар Јовановски и за развој на општината
    • Мециновиќ до Ѓорѓиевски: Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите на Изет Меџити
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Вториот круг е нов предизвик, победа во Скопје, Карпош, Аеродром и Шуто Оризари значи напредок

    ВМРО-ДПМНЕ: Вториот круг е нов предизвик, победа во Скопје, Карпош, Аеродром и Шуто Оризари значи напредок

    28.10.2025 во 09:35
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник со освојување на 33 општини и мнозинство во совети во поголемиот дел од општините; велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Вториот круг е нов предизвик, но кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во трката влегуваат со значителна предност од противниците во 21 од 27 општини.

    Предноста на Орце Ѓорѓиевски во Скопје со разлика од над 60 илјади гласа е недостижна од противкандидатот на матната и непринципиелна коалиција која ги интересира, исклучиво, власт по секоја цена.

    Голема е предноста и на Дејан Митески во општина Аеродром, каде во однос на противкандидатот од СДС во првиот оствари разлика од околу 9.500 гласа, како и на Сотир Лукровски во Карпош кој во втор круг влегува со позитива од околу 1.500 гласа.

    Битката во втор круг продолжува и во општина Шуто Оризари, каде што влегуваме обединети со голема мобилизација за пресврт на резултатот и за победа на ВМРО-ДПМНЕ.

    За ВМРО-ДПМНЕ нема мала или голема општина, нема рурална или урбана општина, секоја општина е важна и ВМРО-ДПМНЕ се бори за секој еден граѓанин.

    Од друга страна, за функционални локални самоуправи кои ќе реализираат проекти и ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, важни се општинските совети. И тоа е предусловот кој е исполнет во првиот круг од изборите, каде што во скопските општини ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство и мнозинство.

    Во општина Аеродром ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство со 15 советници, бројот на освоени советници во Карпош е 11, во Шуто Оризари 4, а во Советот на Град Скопје освои 18 советници. Ова се бројки на советници во советите на овие скопски општини кои ќе донесат одлуки за големи проекти, важни за граѓаните.

    Токму затоа, за да се заокружи оваа победничка слика која значи развој на општините, потребна е масовна поддршка од граѓаните за кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ.

    Во недела на 2 ноември, што е можно помасовно, да се излезе на гласачките места и со пенкало во рака, зад параваните, да заокружиме број 9 за Орце, Сотир, Дејан и Ерџан и да ја испишеме историската победа на ВМРО-ДПМНЕ.

    Победа која ќе значи визија, напредок, развој и многу работа и проекти“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Арсовска му се закани на Премиерот по апсењето на директорот на Комуналец: Мицко, ќе бегаш од Македонија за некоја година

    27.10.2025 во 15:20

    Ужас во Велес: Влегол во здравствена установа, заклучил вработена по што ја испрскал во очи со средство за чистење и ја натепал

    28.10.2025 во 13:34

    Вучиќ го соопшти она што сите го чекаа

    27.10.2025 во 15:18

    40 години казна затвор за возење по дејство на алкохол, се предлагаат најстроги казни за пијани возачи

    28.10.2025 во 10:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.