Close Menu
Press24
    Најново

    Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот

    10.06.2026 во 11:13

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10

    Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој

    10.06.2026 во 11:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот
    • Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион
    • Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој
    • Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа
    • Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра
    • ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената
    • Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар
    • Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски од Дојран: Николиќ ќе добие нов лик со подобрено електрично снабдување, патека и уредена плажа

    Николоски од Дојран: Николиќ ќе добие нов лик со подобрено електрично снабдување, патека и уредена плажа

    27.10.2025 во 21:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, престојуваше во дојранското село Николиќ, каде што оствари средба со жителите и најави неколку значајни инфраструктурни проекти за овој дел од општината.

    Николоски истакна дека Николиќ е едно од најубавите места на брегот на Дојранското Езеро, со потенцијал да стане вистинска туристичка атракција, но за тоа, како што рече, потребни се три клучни чекори.

    „Прво и најважно е да се реши проблемот со снабдувањето со електрична енергија, бидејќи Николиќ расте, се градат нови куќи и викендички, и постојната мрежа не може да ги издржи потребите,“ изјави Николоски.

    Вториот проект што го најави е изградба на пешачка патека која ќе биде осветлена со канделабри и ќе води од селото до плажата на Николиќ, а третиот е уредување на самата плажа. „Плажата ќе добие концесионер кој ќе има обврска да ја уреди и да ја претвори во нова туристичка атракција,“ додаде тој.

    Покрај овие проекти, Николоски посочи дека се разговара и за изградба на културен дом за локалните жители, како и за подобрување на условите за претшколско згрижување на децата.

    На крајот, Николоски изрази уверување дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија, ќе биде новиот градоначалник на Дојран и дека заедно со Владата ќе ги реализираат сите најавени проекти.

    „Владата стои зад Илија и зад сите овие проекти што ќе го променат лицето на Николиќ,“ порача Николоски.

    Прочитај повеќе

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.