Close Menu
    Најново

    Обвинувања: Го оставив кучето во „АВ АВ“ на чување – ми го вратија со смртоносен вирус

    29.12.2025 во 12:45

    Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

    29.12.2025 во 12:38

    Студен бран ја зафаќа земјава: И дневните температури ќе паднат под нулата

    29.12.2025 во 12:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Обвинувања: Го оставив кучето во „АВ АВ“ на чување – ми го вратија со смртоносен вирус
    • Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи
    • Студен бран ја зафаќа земјава: И дневните температури ќе паднат под нулата
    • „Љубоморна сум што неговиот син е до него, а мојот никогаш нема да се врати“: Потресно сведоштво на мајка за трагедијата во „Пулс“
    • Кавадарци: И полицијата се збунила кога видела дека вози толку пијан
    • Пијан кавадарчанец со 3,13 промили алкохол нападнал полицајци
    • Пукање во Турција: Убиени тројца полицајци
    • „Не сфаќав дека се мртви… мислев дека се онесвестени од чадот“ – сведочеше мајката на починатоит Андреј кој бил повикан на работа во 1 часот по полноќ бидејќи имало премногу гости
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Вториот уапсен во „Комунална хигиена“ е раководителот Аки Саити, распитот сѐ уште трае

    Вториот уапсен во „Комунална хигиена“ е раководителот Аки Саити, распитот сѐ уште трае

    27.10.2025 во 20:30
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Веќе пет часа во полициската станица Автокоманда трае распитот на директорот на ЈП „Комунална Хигиена“ Сабахадин Рустеми и раководителот на истото претпријатие, Аки Саити, објави 4news.mk. Според информациите, тие биле донесени околу 14 часот и можат да бидат задржани до 24 часа, односно до утре до 14 часот.

    Сè уште не е познато дали Обвинителството ќе предложи притвор или ќе одреди други мерки на претпазливост. Исто така, останува неизвесно дали ќе се прошири листата на други лица кои ќе бидат повикани на распит или евентуално приведени.

    Ова се случува по шестдневна истрага во ЈП „Комунална Хигиена“ и Градот Скопје, за време на која од претпријатието била одземена дополнителна документација.

    Инаку, попладнево повторно се огласи на Фејсбук градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која објави ироничен статус во кој тврди дека директорот на ЈП „Комунална хигиена“ бил пуштен од полициска станица откако „признал дека е во срцето и душата ВЛЕН“.

    Според нејзиниот пост, по неколку часа убедување во полициска станица, директорот бил ослободен веднаш штом потпишал изјава за членство во партијата ВЛЕН. Арсовска нагласува дека тој „не е виновен за ништо“ и дека својата работа ја извршувал „чесно и совесно“.

    „Откако потпиша изјава дека е ВЛЕН, веднаш го пуштија да си продолжи со работата“, напиша Арсовска, додавајќи дека ваквите притисоци претставуваат политичка злоупотреба.

    Во истата објава, таа ги прозва и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицковски, обвинувајќи ги дека ветувале апсења на функционери од ДУИ, но наместо тоа „ги примаат во коалиција штом преминат во ВЛЕН“.

    Случајот засега се третира како дел од истрага за можно лошо управување и загрозување на јавниот интерес и животната средина, но деталите засега не се објавени.

    Популарно

    Дали од денеска ќе возиме најевтин дизел во последните 3 години?

    29.12.2025 во 10:32

    Од март повисоки плати за наставниците, потврди Јаневска

    29.12.2025 во 10:59

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    29.12.2025 во 09:06

    Македонија мрзне, утрово измерени -8 степени во овој град

    29.12.2025 во 08:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.