Close Menu
Press24
    Најново

    Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот

    10.06.2026 во 11:13

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10

    Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој

    10.06.2026 во 11:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот
    • Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион
    • Муцунски: Западен Балкан мора да се интегрира во ЕУ за стабилност и развој
    • Јаневска со честитка до учениците: Вложувавме во подобри услови за настава и работа
    • Ова сите го прават на плажа, а казните во Грција можат да достигнат и до 300 евра
    • ВИДЕО: Вака беа откриени пурите во вредност од 4.000 евра – Царината со детали за заплената
    • Студен фронт и невреме се движат кон соседството, температурата паѓа за 15 степени: Еве кој ќе биде прв на удар
    • Јавен повик за волонтери во Кабинетот на Сиљановска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

    Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните  

    27.10.2025 во 19:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната средба со граѓани во крушевското село Јакреново, Крушево, ги повика граѓаните од крушевскиот регион и во вториот круг од локалните избори да ја дадат поддршката на кандидатот за градоначалник од СДСМ за Крушево, Томе Христоски. Тој посочи дека Крушево и  Христоски се пример за тоа како треба да се работи во интерес на сите граѓани.

    „Во сите места во крушевскиот регион има што да се види. Што Томе со својата посветена, искрена, чесна работа и со својата визија за развој на регионот, има направено-асфалтирани улици, реновирани институции, училишта, здравствени станици.Се направи за Крушево да го постави на мапата на туризмот, не само во Европа, во светот, посебно во еден спорт – тоа е параглајдерството. Со инвестицијата за параглајдерството која се направи изминатите години, од едно  запуштено место, стане место во кое што се одвиваат европски и светски првенства по параглајдерство. И тоа е Томе со неговиот тим“, рече Филипче.

    Во изјавата за медиуми тој додаде дека Крушево е рекордер по реализација на проекти. Во мандатите на Христоски се реализирани преку 70 капитални инвестиции. Како што кажа Филипче, само 80 гласа му фалеа на Христоски за победа во првиот круг, што ја  потврдува неговата успешна работа како градоначалник, но и јасно ја изразува волјата на граѓаните на Крушево дека тој треба да продолжи да ја води општината.

    Филипче нагласи дека неговиот противник од ВМРО-ДПМНЕ  со своето однесување нема да може да ја поништи волјата на граѓаните.

    „ВМРО-ДПМНЕ со закани, со уцени, со поткуп, сметам дека нема да може што и да направат нешто и да ја поништат очигледната волја на граѓаните, коишто сакаат да видат уште еден мандат на Томе и неговиот тим, тим којшто не прави никаква поделба, ниту по политичка, ниту по етничка припадност. Овој регион, оваа општина, овие места, Крушево заслужува само само градоначалник како Томе и неговите советници, за да овој регион продолжи да се развива така како што тоа беше во изминатите години“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Прочитај повеќе

    Перински пред Комисијата за локална самоуправа: Развојот не смее да се концентрира само во еден регион

    10.06.2026 во 11:10

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.