Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Казни и откази за административците ако добијат лоша оценка – промени во администрацијата
    • Тензично судење за „Пулс“: Вештакот на одбраната вели дека во објектот имало три влезови и излези, но не за евакуација
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски: Зоолошката градина во Скопје се модернизира
    • ДИК со официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2.945 гласа, втор Јахиј од НАИ со 2.152 гласа, течат роковите за приговори
    • Започна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
    • Лафчиски: Технологијата ја движи револуцијата во војувањето, но адаптацијата ја носи победата
    • Макрон: Ако е неопходно, ќе ги забранам протестите
    • Мицевска: Горан Бетон Герасимовски, каде е зеленилото во Центар?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

    Филипче: Трајановски е јасен избор за напредок, Аеродром заслужува повеќе

    26.10.2025 во 14:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денес од Аеродром упати повик до граѓаните масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг и да ја поддржат кандидатурата на Александар Трајановски за градоначалник на општината.


    „Ги повикувам сите граѓани на Аеродром да излезат во уште поголем број отколку во првиот круг и да го дадат својот глас за Александар Трајановски“, изјави Филипче, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ ја има поддршката од граѓаните, но и потребниот капацитет и искуство.


    Според него, Трајановски се издвојува како сериозен кандидат кој веќе на терен покажал дека знае како да ја води општината и понудил реални решенија за нивните проблеми.


    „Покажа со своето однесување, со својата работа на терен и со контактите со луѓето дека има капацитет да ја води општината. Во секој аспект и од секој агол, тој е неколкукратно подобар од противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Филипче.


    Тој посочи дека актуелниот градоначалник не понудил отчет за тоа зошто не е реализирана ниту петтина од предизборната програма, што, како што рече, е сигнал дека Аеродром може и мора подобро.


    „Човекот нема одговор на тоа зошто не е исполнето ниту 20% од неговата програма. Сметам дека Аеродром заслужува многу повеќе од тоа“, додаде Филипче, упатувајќи апел до жителите да направат промена.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници – отвора простор за политички притисок

    19.10.2026 во 13:45

    СДСМ: Не сме задоволни со резултатот во Брвеница – задоволни сме што паѓа ВМРО

    19.10.2026 во 12:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.