Close Menu
    Најново

    Николоски: Од утре нови 11 директни летови од скопскиот и охридскиот аеродром

    26.10.2025 во 15:51

    Двајца приведени во врска со грабежот во Лувр

    26.10.2025 во 15:33

    САД и Кина постигнаа прелиминарен договор за трговскиот спор

    26.10.2025 во 15:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Николоски: Од утре нови 11 директни летови од скопскиот и охридскиот аеродром
    • Двајца приведени во врска со грабежот во Лувр
    • САД и Кина постигнаа прелиминарен договор за трговскиот спор
    • Ѓорѓиевски: Потпишана декларација за обединување за подобро Шуто Оризари
    • Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место
    • Герасимовски: Нов парк кај Зелено пазарче, улицата нема да се пробива
    • Филипче: Имаме раст во голем број општини, но и слаби резултати во други, изборите се јасен показател за тоа што треба да се менува
    • Илиевски: Фокусирани сме на проекти во интерес на граѓаните, повиците за поделба на никого не носат добро
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Отец Бобан: Света Петка била и останува блескав пример за сите христијани

    Отец Бобан: Света Петка била и останува блескав пример за сите христијани

    26.10.2025 во 12:35
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Православните христијани утре го празнуваат споменот на Света Петка, поточно Преподобната Параскева (Петка) Епиватска. Култот на Света Петка е широко распространет во Македонија, нејзината икона е присутна во секоја црква, во секој манастир, а во речиси секое населено место во земјава има храм, посветен на неа, но и извори, лековити води, за кои се верува дека се благословени од светителката и се наречени петочни води.

    Православната црква празнува три личности со исто име Параскева – Петка, а утре се празнува Света Петка Епиватска или Трновска. Во спомен на Преподобната Параскева Петка Трновска, Православната црква го востановила празникот што се празнува секоја година на 27 /14 октомври и што меѓу народот е познат како Петковден.

    Многумина веруваат дека таа е заштитничка на жените и децата, болните, но и од разни несреќи, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

    За житието, подвигот и значењето на личноста на Света Петка разговаравме МИА разговараше со Бобан Митевски, свештенослужител во храмот „Свети Николај“ во населбата Аеродром.

    Во разговор за МИА тој вели дека оваа светителка била и до денес останува блескав пример за сите христијани, поучувајќи ги со својот животен пат да застанат на правиот пат и да Го постават Христа над сè. Митевски нагласува дека таа живеела навистина подвижнички, незамисливо за денешниот човек – предавајќи се во крајна изолација од светот, во суровите предели на Јорданската Пустина.

    -Главна инспирација за Света Петка, како што читаме од нејзиното житие, се Христовите зборови, предадени нам преку Евангелието: Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека Ме следи. Сметам дека токму овој Божествен апел, кој станал modus vivendi за многу светители, е призивот што Бог му го испраќа на денешниот човек, изморен од секојдневието, од трката со времето и со предизвиците. Бог нè повикува на доброжртва, на благословен подвиг за да најдеме мир во себе, со ближниот и со Бога, нагласува Митевски.

    Човекот, продолжува тој, денес е премногу свртен кон себе, а со тоа и отуѓен од повикот за кој е создаден – заедница со другите во Бога и со Бога.

    -Затоа Господ нè повикува на откажување од старите ние, од себељубивиот човек којшто сака да си угодува, којшто е слуга на сопствените страсти. Затоа денес луѓето се депресивни и осамени – зашто не умеат да го понесуваат својот животен крст со смирение, не знаат да љубат преку самозаборав, вели Митевски во интервјуто за МИА.

    -Православните христијани на 27 октомври го празнуваат празникот на Преподобната Параскева (Петка) Епиватска или познат како Петков ден. Празнувањето на Света Петка е мошне застапено во нашата земја, на што според вас се должи славењето на оваа светица?

    -Актуелноста и широко распространетиот култ на некој од светиите се должи најмногу на влијанието на нивниот живот и на нивниот подвиг. Света Петка била и до денес останува блескав пример за сите христијани, поучувајќи ги со својот животен пат да застанат на правиот пат и да Го постават Христа над сè. Просто и да нема град кај нас, а да нема во него храм посветен на оваа преподобна мајка. Нејзиниот култ кај народот е огромен, но и чудата што се случуваат по нејзиното молитвено застапништво пред Бога се недобројани.

    Православната црква празнува три личности со исто име Параскева – Петка, може ли да ни појасните која од нив се празнува на 27 октомври?

    -На 27 октомври се прославува преподобната света Петка, којашто оставила сè зад себе и богатството и суетата на овој свет, за да го достигне од Бога даденото предзначение за човекот – а тоа е обожението. Оваа светителка живеела навистина подвижнички, незамисливо за денешниот човек – предавајќи се во крајна изолација од светот, во суровите предели на Јорданската Пустина. Трпејќи ги временските промени, хранејќи се само еднаш дневно со плодовите на растителниот свет на пустината, трпејќи ги упоритите искушенија од нечестивите демонски сили, го поминувала целодневието во постојана молитва за сите и за сè. Тука останала до својата старост, а потоа, по повик од Бога, се вратила во родниот крај, каде што живеела како странец бидејќи сите што ја познавале, веќе биле упокоени. Откако поживела кратко во родното место, заспала во Господа и, според обичајот, била погребана на гробиштата за непознати. По едно чудесно јавување на еден месен жител, мештаните го откопале нејзиното тело, кое било нетрулежно, и го прославиле Бога, Кој е чудесен во своите светии. Оттогаш нејзините нераспадливи мошти се извор за утеха и исцеление за родот на православните.

    Инаку, во православниот календар има три попознати светителки со име Параскева (Петка) и се работи за различни личности, коишто живееле во различни периоди и нивните животописи и начинот на кој Му послужиле и угодиле на Бога е различен. Честопати народот знае да ги изедначува, но сепак треба да се знае дека не се работи за една светителка со истото име. Маченичката Параскева (Петка), позната како Римјанка, се слави на 8 август, преподобната Параскева, позната како Епиватска, Трновска или од Јаши, се прославува на 27 октомври, а преподобно маченичката Парсакева (Петка) Икониска – на 10 ноември.

    Света Петка Епиватска од млади години покажала интерес за монашкиот живот, а по смртта на родителите долги години живеела во пустина, одвоена од цивилизацијата во живот посветен на молитва. Колку нејзиниот живот може да биде инспирација во денешен контекст кога човекот е на удар од најразлични надразби при што има многу малку простор и време да биде сам со себе?

    -Главна инспирација за Света Петка, како што читаме од нејзиното житие, се Христовите зборови, предадени нам преку Евангелието: Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, нека го земе крстот свој и нека Ме следи. Сметам дека токму овој Божествен апел, кој станал modus vivendi за многу светители, е призивот што Бог му го испраќа на денешниот човек, изморен од секојдневието, од трката со времето и со предизвиците. Бог нè повикува на доброжртва, на благословен подвиг за да најдеме мир во себе, со ближниот и со Бога. Човекот денес е премногу свртен кон себе, а со тоа и отуѓен од повикот за кој е создаден – заедница со другите во Бога и со Бога. Затоа Господ нè повикува на откажување од старите ние, од себељубивиот човек којшто сака да си угодува, којшто е слуга на сопствените страсти. Затоа денес луѓето се депресивни и осамени – зашто не умеат да го понесуваат својот животен крст со смирение, не знаат да љубат преку самозаборав.

    Долг пат минале моштите на Света Петка од Епиват до Јаши ќе може ли накусо да ни го раскажете нивното патешествие?

    -Откако биле пронајдени и објавени, биле положени во храмот на светите апостоли во Епиват. Подоцна, во 1238 година, по наредба на царот Иван Асен, биле пренесени во Трново, во специјално изградениот храм посветен на светителката. Поради наездата на Турците во 14. век, моштите биле пренесени во Видин, а откако градот бил заземен од завојувачите, биле однесени во Белград, во храмот со името на светителката на градската тврдина Калемегдан. Кога Сулејман Величествениот го освоил градот во 16. век, моштите биле пренесени најпрвин во Цариград, а потоа по барање на влашкиот војвода Василиј Лупин, биле однесени во градот Јаши, денешна Романија, каде што се наоѓаат и до ден-денес, и пред нив низ целата година се поклонуваат и го бараат молитвеното застапништво илјадници православни христијани од сите страни на светот, а меѓу нив и многу групи поклоници од Македонија.

    Се верува и дека Света Петка е заштитничка на жените и децата, на што се должи тоа верување?

    -Постои некоја традиција во која светата Параскева ја нарекуваме мајка. Верниците секогаш притекнуваат кон неа како кон мајка, барајќи го нејзиното молитвено застапништво пред Христа. Особено жените – мајки, кои се повикани да бидат духовни атлети, цврсти столбови на христијанските добродетели, стожери на семејствата и како такви – украсувајќи се со овие доблести, да бидат причината за силните и здравите заедници и општества. Преподобната мајка Параскева била и до денес останува блескав пример за сите мајки. Таа со својот пример ги поучува да застанат на патот на Христовата вистина и слобода и да ги воспитуваат со зборот и со сопствениот пример своите синови и ќерки во евангелскиот етос.

    Во народот Петковден се смета за почеток на зимските празници што следуваат како Митровден, зимскиот Св. Ѓорѓија, Свети Архангел, Свети Врачи, Св. Варвара, Св. Никола…претстои период на слави. Како правилно се одбележува домашната слава?

    -Домашниот покровител – во ликот на некој од светителите – треба да се почитува и неговиот спомен да се одбележува преку следбата, преку последувањето на неговиот добродетелен живот во слава на Бога. Односно, да се „имитира“, ако можеме така да кажеме, но тоа да биде во слобода и со љубов, со предаденост да Му послужиме и угодиме на Бога, животот на светителите. Многу е едноставно – нив Бог ги прослави поради љубовта кон ближните и кон Него, значи во нив го имаме вистинскиот животен рецепт. Светителите се нашите херои во Христа. Дополнително, незамисливо е на денот на домашната слава да не сме присутни и да земеме целосно учество во Литургијата што се служи на тој ден, постејќи – ако е пост и причестувајќи се – ако за тоа имаме благослов од нашиот духовен отец.

    Популарно

    Драма во Куманово: Сопругот ја пријавил за исчезната, таа била кај родителите во Албанија

    24.10.2025 во 15:28

    Вреди: Албанците се разбудија – започнува новата ера без ДУИ

    26.10.2025 во 11:42

    Македонија домаќин на најголемиот светски собир за одржлива енергија – започнува 14. Глобален форум за одржлива енергија

    26.10.2025 во 12:27

    Паднаа четворица дилери од Скопје

    24.10.2025 во 14:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.