Close Menu
    Најново

    45-годишна жена од Кочани преноќи во полициска станица, возела со 2,63 промили алкохол во крвта

    15.12.2025 во 10:27

    Грчките земјоделци продолжуваат со блокади: Затворени Евзони и Ники

    15.12.2025 во 10:10

    ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе Резолуција: Се осудуваат манипулациите на СДС за мигрантите

    15.12.2025 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • 45-годишна жена од Кочани преноќи во полициска станица, возела со 2,63 промили алкохол во крвта
    • Грчките земјоделци продолжуваат со блокади: Затворени Евзони и Ники
    • ВМРО-ДПМНЕ до Собранието поднесе Резолуција: Се осудуваат манипулациите на СДС за мигрантите
    • Пајакот прави парче во Центар: Отстранети 104 непрописно паркирани возила
    • Дневен хороскоп: Одличен ден за овенот, Рибите ќе постават конкретни чекори
    • Во петок е голем празник: Еве што не треба да правите според обичаите
    • Во пукањето во Австралија убиена ѕвездата на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден
    • Македонија се разбуди со минусни температури: УХМР соопшти каде е најстудено
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула

    ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула

    26.10.2025 во 10:56Updated:26.10.2025 во 10:57
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот остров Родос, шахистите на Алкалоид забележаа убедлива победа од 4,5 : 1,5 над најсилниот претставник на Израел, Ришон ле Цион, кој е седми носител на турнирот според почетниот рејтинг, со што ја освоија втората позиција на табелата, односно вицешампионската тутула!

    Овој турнир е најсилен во клупската конкуренција на Стариот континент, поради што често се споредува со Лигата на шампионите, а ШК Алкалоид триумфираше на него во 2016 година, додека, пак, во 2017, 2024 и во 2025 година го освои второто место.

    Импресивен резултат за клубот кој бележи 49 години постоење и шаховски раст, континуирано поддржуван од компанијата „Алкалоид“.

    – Нималку лесна победа во последното коло против тим кој може да се нарече елитен, па по три часа игра резултатската неизвесност беше присутна. На првите четири табли не гледавме шанса за победа, но нештата се свртеа откако на петтата табла Александар Инѓиќ (2.618) со бели фигури успеа да го надигра Евгени Занан (2.504). Постепено и на шестата табла Абиманју Пураник го скрши отпорот на ИМ Ор Бронштајн (2.460), па на тој начин започна да се наѕира победата која беше вредна медал. Тимот покажа карактер по вчерашниот минимален пораз од ривалите за тронот, со што беше демонстриран борбен и победнички дух против тврдокорниот противник – коментираше ВМ Влатко Богдановски, кој е капитен на интернационалниот состав на ШК Алкалоид.

    Израелскиот тим беше предводен од легендарниот Борис Гељфанд (2.636), поранешен учесник во меч за светски првак, кој успеа со голем жар да ја одржи послабата позиција во сицилијанска одбрана на првата табла против Арјун Еригаиси (2.773).

    Ји Веи (2.754) имаше црни фигури против уште еден елитен израелски велемајстор, Максим Родштајн (2.647), кој годинава на поединечното Европско првенство го делеше првото место. Членот на ШК Алкалоид солидно се бранеше, а кога противникот ја мина црвената линија обидувајќи се да игра на победа, со целосен пресврт успеа да донесе цел поен за висок резултат.

    И на третата табла Јангји Ју (2.720) не успеа да создаде конкретна предност бидејќи Ницан Штајнберг (2.554) одигра на врвно ниво. Најдолго траеше дуелот на Читамбарам Аравинд (2.711) на четвртата табла, кој играше 70 потези, и неговиот противник Јахли Соколовски (2.539), кој ги преживеа сите напади.

    Ји Веи и Абиманју Пураник дополнително освоија и сребрени медали како најуспешни играчи на втората и на шестата табла, додека, пак, Читамбарам Аравинд ја присвои бронзата на четвртата табла.

    Романскиот претставник СуперЧес, предводен од светскиот првак Гукеш, иако четврти носител, на крајот како единствен непоразен тим и со само една загубена партија (и тоа во последното 7. коло) за првпат го освојува пехарот во Европскиот клупски куп со максимални 14 бодови. ШК Алкалоид на второто место има 12 бодови, колку и чешкиот Нови Бор, кој играше само со македонскиот шампион меѓу ривалите од првата петорка и го загуби тој дуел, но, сепак, на крајот стигна до шест победи и до бронзен медал.

    Идната година предвидено е домаќин на Европскиот клупски куп во шах да биде Црна Гора.

    Популарно

    Апсења на повеќе локации во Скопје: Приведени 14 лица

    14.12.2025 во 14:17

    Ќе нема струја до 15 часот: ЕВН најави исклучувања во неколку општини

    15.12.2025 во 09:12

    Во пукањето во Австралија убиена ѕвездата на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден

    15.12.2025 во 09:32

    Зеленски: Украина подготвена да се откаже од НАТО

    14.12.2025 во 14:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.