Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цената на нафтата скокна
    • Хаварија во регионот: Пола град остана без вода
    • Почина Ведрана Рудан – „Отиде на подрачје без сигнал“
    • Украина со масовен напад со дронови врз Москва: Погоден магацинот на „Вајлдберис“
    • Наскоро продолжен викенд, ќе одмориме три дена – Останаа уште неколку неработни денови годинава
    • Добра вест за граѓаните: Пари ќе легнат на сметките, започна исплатата на „Мој ДДВ“
    • Дневен хороскоп: Неочекувани трошоци за Овенот, изненадување за Близнаците
    • Портокалово предупредување: Висока опасност од пожари низ земјава, ЦУК со апел до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цветковски: Продолжуваме по патот што води до развој на општина Лозово, продолжуваме со многу проекти

    Цветковски: Продолжуваме по патот што води до развој на општина Лозово, продолжуваме со многу проекти

    25.10.2025 во 14:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешниот настан одржан во општина Лозово, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Цветковски кој истакна дека ќе продолжи да работи чесно и одговорно, со визија за иднината во општина Лозово за да младите останат, а возрасните живеат достоинствено.

    „Ветувам дека нема да застанам, ќе продолжам со иста енергија, со иста решителност и со уште поголема љубов кон нашето Лозово. Јас реализирам и тоа е суштината на се што не разликува, затоа да бидеме искрени разликата помеѓу нас и нив е јасна како ден, тие зборуваат јас работам, тие ветуваат јас исполнувам, додека тие ја гледаат општина како плен, јас ја гледам како дом, дом за сите нас,  додека тие мислат на лична корист, јас мислам на заедничка иднина“, рече Цветковски.

    Кандидатот за градоначалник на општина Лозово посочи дека се што е ветено досега е реализирано во повеќе области, како во образованието, така и во инфраструктурата, притоа истакнувајќи дека ќе продолжи по истиот пат на развој за напредок на општина Лозово.

    „Нашиот збор вреди и затоа што нашиот збор е даден пред народот, а не во темни договори, секое кажано нешто сме го претвориле во дело,  кога рековме дека ќе има пат го направивме, дека ќе има улици ги реализиравме, кога ветивме дека ќе има  бесплатен оброк за децата од нашето училиште, бесплатна градинка, екскурзии, стипендии, канализации, инфраструктура,  тоа не остана на хартија, тоа стана реалност. Затоа кога велам нашиот збор вреди тоа не е  празна реченица, тоа е потврда, доказ што го гледате секој ден. Продолжуваме кон патот што води до победа, развој и достоинствен живот на сите. На 2 ноември  секој од вас треба да го направи својот избор, сите заедно да гласаме за бројот 9“, вели Цветковски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Каде се дневните анализи на водата во Гостивар?

    18.08.2026 во 08:32

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.