Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ОКТА со поддршка на Црвениот крст во борба против гладот, 16 години со заедничка цел

    ОКТА со поддршка на Црвениот крст во борба против гладот, 16 години со заедничка цел

    22.10.2025 во 09:193 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ОКТА АД – Скопје повторно, 16-та година по ред, ја потврдува својата долгорочна посветеност кон општествено одговорното делување преку поддршка на кампањата на Црвениот крст на Град Скопје „Помислете на нас“. По повод обележувањето на 16 октомври, Светскиот ден на борба против гладот, иницијативата има цел да ја подигне свеста за важноста на борбата против оваа негативна појава, како и да обезбеди директна помош за социјално ранливите категории граѓани.

    Во рамки на кампањата која ќе се одвива од 16 до 22 октомври оваа година, компанијата обезбедува финансиски средства за подготовка на пакети со прехранбени производи, кои ќе
    бидат дистрибуирани до семејствата и лицата кои се соочуваат со социјални и економски предизвици.

    „Поддршката на кампањата ‚Помислете на нас’, за нас во ОКТА претставува не само финансиска
    помош, туку и конкретен израз на солидарност и грижа за оние на кои таа поддршка им е
    најпотребна. Секој пакет кој ќе стигне до граѓаните кои се во социјален ризик е потсетник дека
    заедно можеме да направиме вистинска разлика и да изградиме општество во кое солидарноста е
    вредност што сите ја споделуваме“, изјави Антонио Велковски, претседател на организацијата на
    Црвен крст при ОКТА.

    Кампањата „Помислете на нас“ е дел од традиционалното обележување на Светскиот ден на
    храната, иницијатива што има цел да ги потенцира напорите за намалување на гладот и
    сиромаштијата на локално и глобално ниво.

    Компанијата преку оваа иницијатива и долгорочната соработка со Црвениот крст, ја покажува
    својата одговорност и посветеност кон заедницата и го потврдува својот статус на доверлив
    партнер на Црвениот крст, активно придонесувајќи кон хуманитарни активности, со фокус на
    директна поддршка, кои овозможуваат повисок квалитет на живот на најранливите членови на
    заедницата.

    ОКТА АД – Скопје е најголемиот снабдувач на гориво во земјата, обезбедувајќи го пазарот со
    висококвалитетни производи кои ги задоволуваат последните локални и европски стандарди.
    Основана во 1978 година, компанијата е предводник во областа на трговија, снабдување и дистрибуција на нафтени деривати во регионот. Како членка на HELLENiQ ENERGY – една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа, ОКТА постојано воведува меѓународни вештини, иновативни решенија и врвни технолошки трендови во секојдневното работење.
    Преку своите активности во големопродажбата, ОКТА опслужува големо портфолио на клиенти во земјата и во регионот, од мали претпријатија до големи индустриски капацитети и владини институции.
    Благодарение на долгогодишното искуство и лидерство на пазарот, компанијата има развиено врвен логистички систем кој овозможува брзо и сигурно снабдување на клиентите со гориво.
    Малопродажната мрежа на ОКТА се состои од модерни бензински станици распространети низ целата земја, кои нудат висококвалитетни производи и услуги за крајните корисници.
    Во 2018 година, како компанија насочена кон иновации, ОКТА го прошири своето портфолио со
    производство, снабдување и управување со електрична енергија од обновливи извори.
    Поставувајќи ја безбедноста како врвен приоритет, компанијата е посветена да ја врши својата дејност однесувајќи се етички и одговорно кон општеството и животната средина.

    Прочитај повеќе

    Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе

    06.10.2026 во 12:47

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.