Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанчев прогласи победа во Кавадарци

    Јанчев прогласи победа во Кавадарци

    19.10.2025 во 22:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев објави победа уште во првиот круг.

    „По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати! Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати! Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија“, напиша Јанчев во објавата на Фејсбук.

    Тој на граѓаните им се заблагодари од срце за огромната поддршка, за довербата и љубовта што му ја покажале.

    „Голема чест е повторно да го имам вашиот глас и вашата вера во мене и во тимот. Голема благодарност и честитки до советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, до сите кои застанаа зад оваа победа, со работа, со идеја, со срце и душа“, порача Јанчев.

    Додаде дека ќе продолжат уште посилно, со истата љубов и со уште поголема одговорност.

    „Кавадарци да биде пример за развој, чесност и успех! За Кавадарци, за Македонија, со срце и душа!, пишува Јанчев во својата објава на Фејсбук.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

    17.08.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.