Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе нема вода – Водовод најави исклучувања на неколку скопски улици

    21.08.2026 во 09:36

    ФОТО: Сообраќајна несреќа кај Ботун, се преврте автомобил, застој од двете страни

    21.08.2026 во 15:14

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК: Пожарот во Церово будно се следи, екипите со максимален ангажман на терен
    • Хроничниот стрес го нарушува здравјето: Секојдневната напнатост станува сериозен проблем
    •  Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови за зимска маркација до Титов Врв
    • Марк Закерберг купи замок во Ирска
    • Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом – ја нападнал роднина
    • Најмалку 15 загинати и 130 повредени во руски напад со дрон врз трговски центар во Кривиј Рог
    • Малолетник возел мотоцикл и паднал, тешко е повреден
    • Мисајловски: Секој војник со 45 години ќе има можност да остане во МО, да замине во друга институција или да си земе отпремнина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДИК: Технички проблеми на две избирачки места – се гласа без фингерпринт

    ДИК: Технички проблеми на две избирачки места – се гласа без фингерпринт

    19.10.2025 во 11:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одѕивот на локалните избори до 09:15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани. Гласањето, според ДИК, досега се одвива непречено, без никакви проблеми, освен на две избирачки места (едното во Куманово и другото во Штип) каде поради технички причини гласањето се одвива без биометриска идентификација, туку со УВ спреј и УВ ламба.

    На гласачкото место 1133 во Куманово каде се запишани 12 гласачи немало струја, гласањето се одвива без уред за биометриска идентифација, а на гласачкото место 2271 во Штип каде се запишани 507 гласачи лица од ИТ од ДИК направиле обид со два резервни уреди но не можел да стартува уредот за биометриска идентификација. 

    – Гласањето до овој момент се одвива без никакви потешкотии и проблеми и дојави од изборните органи за било какви проблеми. Минатата година за време на парламентарните избори имавме вакви ситуации за вкупно шест избирачки места каде донесовме одлука поради објективни причини гласачњето да се одвива без уред за биометриска идентификација, рече претседателот на ДИК Борис Кондарко на првата прес-конференција на ДИК. 

    Според обработените податоци на ДИК, во Битола излезноста е 3,38 проценти, Богданци 4,68 проценти, Боговиње 1,29, Бутел 3,63, Вевчани 5,2, Врапчиште 0,87, Гевгелија, 4,37, Гостивар 1,71, Градско 5,61, Делчево, 4,11, Демир Капија, 5,37, Дојран 5,06, Зеленикот 5,62, Карпош 3,09, Кисела Вода 3,65, Кичево, 2,35, Кратово, 5,13, Куманово 1,91, Липково, 2,02, Лозово 6,36, Ново Село 5,5, Охрид 2,82, Прилеп, 3,41, Пробиштип 6,64, Ресен 5,1, Сарај 2,46, Струмица, 3,92, Студеничани 1,85, Теарце 1,90, Тетово 2,08, Центар 2,84, Штип 3, Шуто Оризари 2,17. 

    Кондарко информира и дека ДНЕТ има поднесено тужба до Управниот суд кој одлучил дека одлуката на ДИК е потврдена.

    – Тоа значи дека сите евентуалнио гласови за советничка листа на град Скопје дадени за оваа партија ќе се сметаат за неважечки, рече Кондарко.  

    На денешните избори се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. 

    Согласно одлуката на ДИК, а заради поголема транспаретност при броењето на гласовите треба да бидат присутни сите членови на ОИК, односно петте члена и нивните заменици. 

    Државната изборна комисија ќе има прес-конференции на секои два часа, а првичните неофицијални резултати се очекуваат околу полноќ.  

    На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.

    Прочитај повеќе

    ЦУК: Пожарот во Церово будно се следи, екипите со максимален ангажман на терен

    21.08.2026 во 23:40

     Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови за зимска маркација до Титов Врв

    21.08.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.