Close Menu
Press24
    Најново

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Визија е да создадеме интегриран еколошки јавен превоз со Градски воз, електричните автобуси, БРТ и меѓуградската железница за да го намалиме аерозагадувањето

    Николоски: Визија е да создадеме интегриран еколошки јавен превоз со Градски воз, електричните автобуси, БРТ и меѓуградската железница за да го намалиме аерозагадувањето

    07.10.2026 во 12:42Updated:07.10.2026 во 13:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Правата линија од Градски воз сообраќа редовно и со преку 300 патници дневно што е над очекувањата. Нашата визија е да создадеме интегриран јавен превоз со Градски воз, електричните автобуси, БРТ и меѓуградската железница за да го намалиме аерозагадувањето, вели во интервјуто за “Радио Лидер”, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. 

    “Ние имаме градски воз во кој што никој не веруваше. Никој не веруваше ни од опозиција, ни поголем дел од јавноста.  Бројките, да бидам искрен со вас, се подобри од она што го очекував. Веќе сме некаде на околу 300 патници дневно. Тоа се 300 возила помалку во центарот на градот. Тоа се 300 нервози помалку во центарот на градот и тоа се 300 луѓе коишто навреме стигнуваат. Во моментов завршува проектирањето за двете други линии. За неколку недели ќе излезат тендерите, штом избереме изведувач почнуваме со градба и како што ветивме, на почетокот на 2028 година ќе имаме уште две траси, со што цело Скопје ќе го опфатиме” -истакнa Николоски.

    Планот како што најави е целиот јавeн превоз да се интегрира, a целта е покрај поефикасен прeвоз, да се влиаје и врз аерозагадувањето.

    “Првата фаза е дел од една поголема моја и на Владата визија за градот Скопје и за растеретување на сообраќајот во градот Скопје и за намалување на загадувањето. Имено, доколку успееме да создадеме функционален и интегриран систем на градски воз – три линии, на меѓуградски воз со Велес, Куманово, Тетово, Гостивар и на тоа ги додадеме електричните автобуси и системот БРТ во делот на сообраќајот ние проблемот со загадувањето сме го решиле. После тоа ќе остане проблемот во делот на загревањето, кој што е поголем фактор во загадувањето во Град Скопје” – истакна Николоски

    Прочитај повеќе

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.