Close Menu
    Најново

    Татко ги злоупотребувал ќерките: Од едната си ги гасел цигарите, на другата и ја скршил раката

    17.10.2025 во 23:50

    Зеленски му предлага договор на Трамп

    17.10.2025 во 23:43

     Филипче: Започнува падот на ВМРО-ДПМНЕ 

    17.10.2025 во 23:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Татко ги злоупотребувал ќерките: Од едната си ги гасел цигарите, на другата и ја скршил раката
    • Зеленски му предлага договор на Трамп
    •  Филипче: Започнува падот на ВМРО-ДПМНЕ 
    • Трамп: Средба во Будимпешта само со САД и Русија
    • Османи најави вонредна состојба во Чаир
    • Трамп го откри тајниот план на Венецуела
    • Османи: По 20 години доаѓа промена
    • Халид Бешлиќ не е погребан во Алејата на великаните – позната причината
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Гаши се сретна со набљудувачите од ЕП: Локалните избори ќе ја покажат демократската зрелост на земјата

    Гаши се сретна со набљудувачите од ЕП: Локалните избори ќе ја покажат демократската зрелост на земјата

    17.10.2025 во 17:25
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши оствари средба со делегација на пратеници кои во име на Европскиот парламент ќе ги набљудуваат локалните избори.

    Членовите на Делегацијата доаѓаат од четири политички партии застапени во Европскиот парламент и тоа: Марта Темидо од Групата на социјалисти и демократи, Португалија; Карло Реслер од Европските народни партии, Хрватска, воедно и ко- претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија; Пјер Пимпи од Патриоти за Европа, Франција и Николас Фарантурис од Левица, Грција. Претседателот Гаши изрази уверување дека претстојните локални избори ќе бидат спроведени во целосна согласност со највисоките демократски стандарди и ќе ја покажат демократската зрелост на земјата. Тој ја поздрави долгата и успешна соработка како и редовната комуникација со Европскиот парламент која најдиректно се одвива преку Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Северна Македонија.

    Нагласи дека и после 20 години од кандидатскиот статус, реформи, компромиси и тешки и болни одлуки, граѓаните на Северна Македонија остануваат верни на европските вредности.

    Европратениците информираа дека како Делегација се дел од меѓународната набљудувачка мисија предводена од ОБСЕ-ОДИХР и дека иако досега учествувале во набљудувањето на избори во земјата многу пати, за првпат ќе следат локални избори. Нивната цел е да придонесат кон непристрасно и објективно мониторирање на процесот, но и да ја потврдат силната поддршка на Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

    Соговорниците разменија мислења и за подготовката на институциите за локалните избори, како и за текот на кампањата. Европратениците изразија надеж дека граѓаните на Северна Македонија на 19 октомври ќе го остварат своето гласачко право во мирна и демократска атмосфера, а претседателот Гаши посакувајќи им успех во набљудувачката мисија, нагласи дека со големо внимание ќе ги очекува нивните проценки, за кои изрази уверување дека ќе бидат позитивни и дополнително ќе го зајакнат кредибилитетот и транспарентноста на изборниот процес.

    Популарно

    Утврдени над 60 неправилности во работата на превозникот – бројот на загинати во Сремска Митровица се зголемува

    17.10.2025 во 20:44

    Трамп го откри тајниот план на Венецуела

    17.10.2025 во 22:55

    Татко ги злоупотребувал ќерките: Од едната си ги гасел цигарите, на другата и ја скршил раката

    17.10.2025 во 23:50

    Османи најави вонредна состојба во Чаир

    17.10.2025 во 23:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.