Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хоџа пред бизнис заедницата во Виена: Отворени сме за зелени инвестиции за да обезбедиме одржлива иднина
    • Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч
    • Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните
    • Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок
    • Министерот Хоџа во Виена ги презентираше еколошките приоритети пред австриската влада
    • Орце Ѓорѓиевски: Нека е аирлија булевар Борис Трајковски
    • Мицкоски од Виена: Отворен и конструктивен дијалог за унапредување на соработката, посебно во економијата
    • Димитровски за МИА од Делфи: ЕУ да направи конкретни чекори и да постави конкретни рокови за проширувањето со Западен Балкан
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Стабилизацијата на економијата е поткрепена со дисциплинирана фискална политика

    Димитриеска-Кочоска: Стабилизацијата на економијата е поткрепена со дисциплинирана фискална политика

    17.10.2025 во 16:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата останува посветена на одржување на макроекономската стабилност и унапредување на економските перформанси со цел постигнување повисоки и одржливи стапки на економски раст. Во фокусот се и реформите во управувањето со јавните финансии и зачувување на фискалната дисциплина, со цел континуирана фискална консолидација. Ова беше истакнато на средбата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, со извршниот директор на ММФ, Бо Ли, заменик генералниот директор на ММФ, како и со извршниот директор Јерон Клик, замениците на извршниот директор Марникс ван Рај и Владислав Рашкован, директорот на Европскиот оддел во ММФ, Алфред Камер и шефот на Мисијата на ММФ за нашата земја, Ник Гигинеишвили. На средбата учествуваше и гувернерот на Народната банка Трајко Славески. 

    „Позитивните трендови во економијата, кои започнаа во втората половина на минатата година, продолжуваат и во 2025 година. Стапката на раст на БДП во последните четири квартали, од вториот квартал 2024 до вториот квартал 2025, се движи околу и над 3%. Државниот завод за статистика неодамна објави податок за растот на БДП во 2024 година од 3%. Нашиот приоритет останува стимулирањето на економскиот раст преку инвестиции во инфраструктурата и одржување значително ниво на капитални расходи во структурата на јавните финансии“, истакна министерката за финансии.

    Таа дополнително посочи дека стабилизацијата на економијата е поткрепена со дисциплинирана фискална политика.

    „Остануваме посветени на одржување на фискалната стабилност преку фискална консолидација и зајакнување на дисциплината во управувањето со јавните финансии. Особено клучна улога ќе одригаат мерките за намалување на неформалната економија и подобрување на наплатата на даноците и приходите, како на централно, така и на локално ниво. Процесот на фискална консолидација веќе е започнат, а на среден рок се проектира намалување на дефицитот од 3,5% од БДП во 2026 година до 2,8% во 2029 година“, нагласи министерката, потенцирајќи го и воведувањето на е-фактурата.

    Димитриеска-Кочоска се осврна и на процесот на приклучување на земјата во Единствената област за плаќања во евра – СЕПА, која носи многу бенефити за македонските граѓани и компании преку реализирање трансакции во евра со земјите од ЕУ на поедноставен, побрз и поевтин начин.

    На средбите беше посочено дека веќе се подготвува новиот буџет за 2026 година, кој го одржува континуитетот на политиките на фискална консолидација и поттикнување на економскиот раст.

    Исто така, беше истакнато дека се работи на спроведување на реформите предвидени со Законот за буџети, како и на реформските активности поврзани со Планот за раст на Европската комисија.

    Министерката Димитриеска-Кочоска оствари  средба со претставници на Одделот за фискални прашања на ММФ, каде беше потенцирана соработката во делот на развојот на капацитетите во различни области од управувањето со јавните финансии и обезбедување експертиза за спроведување на клучни реформи.

    Овие средби на министерката Димитриеска-Кочоска се реализираа во рамки на Годишните средби на ММФ и Светска банка, кои оваа недела се одржуваат во Вашингтон. Покрај разговорите со претставници на ММФ, министерката во Вашингтон оствари и средби со високи претставници на Светската банка, Министерството за финансии на САД, како и со претставници на меѓународни финансиски корпорации.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.