Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шукова за БРТ-системот: Зеленилото ќе се заштити, инфраструктурата ќе се обнови

    Шукова за БРТ-системот: Зеленилото ќе се заштити, инфраструктурата ќе се обнови

    14.10.2025 во 21:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во денешното телевизиско соочување на Канал 5 со противкандидатот Орце Ѓорѓиевски, кандидатката за Градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, зборуваше за проектот за БРТ-системот и за критиките поврзани со изградбата на трасата.

    Шукова посочи дека, за разлика од Ѓорѓиевски, од првиот ден се залага за најбрзото, најефикасното и најеколошкото решение за јавен превоз во градот. „Да бидеме искрени  БРТ не се спомнуваше на почетокот од кампањата од страна на Ѓорѓиевски. Сега, конечно, сите кандидати ја прифатија борбата за ова решение“, рече таа.

    Во врска со забелешките за зеленилото на „Партизанска“, Шукова објасни дека постои план за дислокација и заштита, со што зеленилото нема да биде уништено, туку соодветно преместено.

    Шукова се осврна и на подземната инфраструктура: „Истите аргументи што се слушаа пред четири години за наводни вибрации и ризици за водоводната мрежа, денес се решливи. Трасата ќе биде со амортизација на вибрациите, а отворањето ќе ни овозможи да видиме во каква состојба е подземната инфраструктура и каде поминуваат главните водоводни цевки, за стручниот кадар да интервенира навреме.“

    Таа потсети дека проектот за првата БРТ-линија е веќе подготвен, со обезбедени 40 милиони евра, за линијата од Ѓорче Петров до Аеродром. Втората линија, што ја спомнува Ѓорѓиевски, допрва ќе се дефинира, со цел да се најде оптимално решение, особено за делот кон Кисела Вода каде урбанизацијата го ограничува просторот.

    „Реализацијата на трасата ќе биде направена така што ќе се минимизираат нарушувањата на постојната структура на градот, без непотребно рушење на објекти, во интерес на граѓаните“, заклучи Шукова.

    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04

    Вреди: Теарце доби јавна градинка, Куманово наскоро добива ново училиште

    06.10.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.