Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото

    17.08.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче од Ресен: Со СДСМ земјоделците добиваа реална помош,  со ВМРО-ДПМНЕ се без субвенции и со ниски откуни цени

    Филипче од Ресен: Со СДСМ земјоделците добиваа реална помош,  со ВМРО-ДПМНЕ се без субвенции и со ниски откуни цени

    14.10.2025 во 20:313 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Земјоделците во периодот на Владата на СДСМ добиваа реална помош и почит, од ВМРО-ДПМНЕ за година и пол се понижени, измамени и оставени сами“, нагласи Претседателот на Социјадемократскиот сојуз на Македониј, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во Ресен.

    Филипче посочи дека земјоделците од преспаснкиот регион, но и сите земјоделци во државава денес борат со трошоци, со неизвесност и непрофитабилно производство што не им дава надеж дека од земјоделство може да егзистираат. 

    „Им ја укинаа авансната исплата на субвенциите, земјоделецот остана без сигурност, без поддршка, без чувство дека трудот му е вреднуван. Доцни зелената нафта,  Откупно-дистрибутивниот центар во Ресен е стопиран – и со тоа се губи секоја шанса за стабилен приход, за фер цена, за сигурна иднина на младите земјоделци. Субвенциите не се исплаќаат редовно, земјоделците остануваат сами, а задругите немаат поддршка“, рече Филипче.

    Тој додаде дека за година и пол не е објавен ниту еден оглас за распределба на државно земјоделско земјиште, а се уште не е објавена мерката за субвенционирање на предадено јаболко кај откупувач од 2024 година, иако бербата на јаболкото за 2025 година е во тек.

    При тоа, Филипче направи споредба со мерките на СДСМ за земјоделците. Тој посочи дека СДСМ покажа дека може земјоделството да биде еден од двигателите на економијата, земјоделците беа слушнати, поддршката беше реална, а државата стоеше зад секој производител. 

    „Воведовме зелена нафта за секој хектар, која стигна до 100% покривање на трошоците за нафта, ги зголемивме субвенциите и воведовме авансна исплата за земјоделците за да не ги чекаат сработениот надоместок, туку да работат сигурно и да се чувствуваат достоинствено. Го зајакнавме откупот, ги стабилизиравме цените, создадовме систем во кој трудот се ценеше, а не се манипулираше како денес“, рече Филипче и додаде дека во време на СДСМ субвенциите не беа милостина, туе беа обврска на државата. 

    „Креиравме политики што ја стабилизираа цената на јаболкото, што го заштитија трудот на овоштарот, што обезбедија фер откуп и фер цена. Тогаш се зголемуваа субвенциите – од 33.000 на преку 180.000 денари по хектар. За 20 отсто ги зголемивме субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми за 50%. Работевме на откупниот и дистрибутивниот центар во Ресен – со цел да му го олесни животот на секој земјоделец, да му се даде сигурен пласман и стабилен приход“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче

    Прочитај повеќе

    Велјановски ги најави новите странски инвестиции во ТИРЗ зоните низ Македонија

    17.08.2026 во 11:37

    Петрушевски: СДС нема политика и измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

    17.08.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.