Close Menu
    Најново

    Силен земјотрес ја погоди Турција, епицентарот е кај Измир

    14.10.2025 во 23:44

    Како се однесуваат зрелите луѓе по раскинување на врската?

    14.10.2025 во 23:17

    Поранешниот вереник на Деми Ловато уапсен за семејно насилство, jа нападнал мајката

    14.10.2025 во 22:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Силен земјотрес ја погоди Турција, епицентарот е кај Измир
    • Како се однесуваат зрелите луѓе по раскинување на врската?
    • Поранешниот вереник на Деми Ловато уапсен за семејно насилство, jа нападнал мајката
    • Османи за Меџити: 20 години работел без план сега ќе прави мастерплан
    • Мелина Џиновиќ се вери: По разводот со Харис, ќе се мажи со 25 години постариот бизнисмен од Монако
    • ЈПДП врши санација на потпорен ѕид на потпатник на скопската обиколница
    • Липково: Исчезна жена – службите на нозе, активирани се дронови
    • Алексовски: Развој на локалитетот Калин Камен и прочистителна станица во Крива Паланка
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Мицкоски: Кампањата речиси завршува, а Венко не сопре со црна кампања, свесен е дека тоне

    Мицкоски: Кампањата речиси завршува, а Венко не сопре со црна кампања, свесен е дека тоне

    14.10.2025 во 18:28
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг во Пробиштип, во рамки на изборната кампања со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори. Мицкоски се осврна на како што вели тој, неформалната коалиција за локалните избори составена од СДСМ, ДУИ и Левица, кои се обединети од желбата за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ. Според него, на овие локални избори тие настапуваат со црна кампања, а не нудат никакви проекти, никаква визија ниту стратегија.

    ,,Кога зборувам за нашите противници зборувам за една непринципиелна коалиција, која што е составена од во суштина три политички партии, која што се обединила поради две главни причини, првата е желбата за власт, по било која цена. И втората е, патолошката омраза која што ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата на СДСМ, на ДУИ, и политичката партија Левица. На некои места, оваа коалиција е формална, на некои полуформална, но во суштина, тоа е тој опозициски блок, кој што на овие избори излегува тотално без никаква програма“, вели Мицкоски.

    Мицкоски истакна дека опозициската СДСМ за претстојните локални избори не нуди ниту проекти, ниту визија, туку само се фокусира на црна кампања уште од првиот ден.

    ,,Од првиот ден, заклучно со денеска, ние не слушнавме ниту еден проект, не слушнавме никаква визија, никаква стратегија, од нив не слушнавме како планираат и каде планираат да ја водат Македонија. Од нив слушнавме само три, условно кажани, политички пораки во оваа кампања. Првата е, црната кампања која што ја водат од првиот ден, па се до ден денес. Против мене се разбира најмногу и против ВМРО-ДПМНЕ. Втората политичка порака која што ја испратија е дека тие се политички наследници и претставуваат континуитет на тоа што претставуваше влада 7 години во Македонија, коалиција СДСМ-ДУИ. Третата политичката порака е дека тие се грижеле и се бореле за нашиот дом“, истакна Мицкоски и додаде:

    ,,Црната кампања наспроти целата теорија и целата пракса, започна од првиот ден во оваа кампања. Ние немаме емитувано ниту еден негативен спот. А, веќе завршува кампањата во првиот круг. Ниту еден негативен спот“.

    Мицкоски истакна дека, иако има многу причини да се потсетат граѓаните на неуспесите на претходната влада, ВМРО-ДПМНЕ избира позитивна кампања фокусирана на проекти и иднината.

    ,,А верувајте, имаме таква инспирација да ги потсетиме граѓаните, за тоа што го работеа 7 години, што ако почнеме рано наутро малку ќе ни биде еден ден сето она лошо што го направија додека 7 години беа влада. Но, рековме не. Ние сакаме да бидеме Влада која што ќе се обиде да ја врати надежта кај луѓето, и сакаме да зборуваме за убави работи, за проекти, да зборуваме за иднина. Сакавме тоа да го доближиме до граѓаните. Што е тоа што ние го сработивме. И што е тоа што ќе го сработиме. А тие, со ад хоминем напади, со ниски страсти. Прво ми посакаа, ќе било штосно ако го виделе моето тело распарчено и спакувано во куфер, за да потоа претседателот на СДСМ, претпоставувам инспириран, бидејќи неговиот политички гуру седеше во првиот ред, во еден занес, кажа дека тие нас не не мразеле туку не презирале. Тоа претпоставувам треба да е степен над омраза, барем според нивната филозофија. Инаку, човекот е педагог, редовен професор на факултет, кој што пледира утре да ја води државата. Тоа е тоа што го нуди СДСМ на овие избори“, заклучи Мицкоски.

    Популарно

    Орце Ѓорѓиевски очекува победа во Скопје уште во првиот круг

    14.10.2025 во 19:16

    Министрите за животна средина од Западен Балкан ја усвоија Декларацијата од Дубровник

    14.10.2025 во 17:41

    Липково: Исчезна жена – службите на нозе, активирани се дронови

    14.10.2025 во 21:56

    Мелина Џиновиќ се вери: По разводот со Харис, ќе се мажи со 25 години постариот бизнисмен од Монако

    14.10.2025 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.