Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47

    Филипче: Кој е сега предавник?

    13.05.2026 во 22:37

    Додик: Путин ќе ја посети Република Српска

    13.05.2026 во 22:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
    • Филипче: Кој е сега предавник?
    • Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
    • Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
    • Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
    • Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
    • Трипуновски: Потребно е расветлување на случајот со распределбата на финансиските средства, станува збор за над 800.000 евра
    • На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова пред доаѓањето на Фон дер Лајен: Очекувам да се спомене спорот со Бугарија

    Сиљановска-Давкова пред доаѓањето на Фон дер Лајен: Очекувам да се спомене спорот со Бугарија

    14.10.2025 во 15:103 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува меѓудругото и прашањето за спорот со Бугарија да биде споменато за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, која утре доаѓа на средби со државниот врв во Скопје.

    Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од посетата, но и дали постои официјална комуникација со Софија, со оглед на најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека контактите се ќе интензивираат по изборите и во Новата година, нагласи дека очекува да се постави и ова прашање и додаде дека ние секогаш сме подготвени да разговараме со аргументи. 

    -Очекувам да се спомене и ова прашање, секогаш сме подготвени да разговараме со аргументи, секогаш сме мислеле дека бугарскиот народ ни е близок, бугарската држава прва не признала, без никакви условувања, затоа јас понекогаш сум изненадена од сегашното политичко поведение. Убедена сум судбината сакала да живееме едни до други, ние треба да се поддржуваме, ние треба да се разбираме, не може соседот да биде среќен ако ние сме несреќни. Затоа поддржувајќи го другиот ние се поддржуваме себе си, затоа што регионалните прашања, проблеми не направиле блиски, кооперативни, дури и во рамки на ЕУ ако сакаме да бидеме компетитивни и слушнати исто така треба да ги браниме регионалните интереси, изјави шефицата на државата на заедничката прес-конференција во Скопје со словачкиот претседател Петер Пелегрини.

    За комуникацијата со Софија рече дека таа сега не е добредојдена за Владата поради изборите и додаде дека таа има комуникација со соседот, како што посочи, на маргините.

    -Доаѓањето на госпоѓата Фон дер Лајен може да се гледа низ две призми, низ два агла, едниот е се работи за редовна посета, таа и минатата година ако се сеќавате имаше посета на регионот и мислам дека тоа е добро заради кондицијата на регионот, рече претседателката.

    Таа додаде дека имаме потреба од регионален настап, регионална поддршка, регионална солидарност и регионално разбирање, доколку сакаме Балканот да личи на Балтикот, бидејќи, како што посочи балтичките држави најпрво и најревосно биле поддржани од Шведска, Данска и Финска.

    -На Балканот тоа не се случуваше, имаше и претходно проблеми како нашиот, се сеќавате меѓу Словенија и Хрватска, но се уште не е разрешен проблемот, меѓутоа се постигна еден компромис. Тоа е важното. По Солунскиот самит не сме виделе јасна стратегија кон Западен Балкан, но со Планот за раст веќе како заедно да чекориме ЕУ. Тоа е врзано за финансиска поддршка, но таа не е анблок, туку е врзана за реформи. Тоа не прави нас компатибилни и поблиски до ЕУ зошто реализирањето на Реформската агенда е на линија на Копенхагенските критериуми, истакна Сиљановска Давкова.

    Претседателката на ЕК Фон дер Лајен вчера од Тирана ја почна својата тридневна турнеја низ земјите од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки утре ќе допатува во Скопје. 

    Како што информира Европската комисија, за време на престојот во Скопје Фон дер Лајен в среда попладне ќе се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Кој е сега предавник?

    13.05.2026 во 22:37

    Ристески: Со СДС студентските домови пропаднаа, ние целосно ќе ги обновиме

    13.05.2026 во 17:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.