Close Menu
Press24
    Најново

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Герасимовски со Ксенија Николова: Центар ја има најдобрата културна сцена во Скопје, вложуваме во младите писатели и уметници

    Герасимовски со Ксенија Николова: Центар ја има најдобрата културна сцена во Скопје, вложуваме во младите писатели и уметници

    14.10.2025 во 11:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот и кандидат за нов мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, со писателката Ксенија Николова разговараа искрено и отворено за состојбите во културата, поддршката за младите талентирани автори и уметници и културниот идентитет на Општина Центар.

    Се согласија дека на младите луѓе им е потребен вистински простор и соодветни услови за да ги изразат и развиваат нивните креативни идеи. Герасимовски потенцираше дека Општина Центар, како ретко која друга општина, инвестира во квалитетна културна програма и младиот креативен уметнички капацитет.

    „Приоритет ни се нашите уметници и творци и затоа имаме најдобра урбана културна сцена во Скопје. Пример за тоа се муралите во Дебар Маало кои се дело на нашите стрит артисти. Концертот „Нешто што ќе остане“ ја промовира македонската музика и изведувачи. Секој настан е резултат на соработка со нашите граѓани, културни работници и здруженија и ја раскажува приказната на Општина Центар,“ истакна Герасимовски.

    Пример за поддршка на младите автори е и самата Ксенија Николова, чиј роман „Зад маските“ и збирката „Секој цвет има свое име“ излегоа од печат токму со поддршка на Општина Центар.

    Герасимовски најави дека во наредниот мандат двојно се зголемува буџетот за култура од 13 на 26 милиони денари, со цел да го задржи приматот во културната понуда во главниот град.

    Прочитај повеќе

    Скопската вода е безбедна за пиење

    10.06.2026 во 18:28

    (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни

    10.06.2026 во 13:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.