Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мајката на судијата Ристов: „Кога ќе ми останеше некоја паричка ќе ги пикнев во дупчето на циглата”
    • Ги фатиле на дело – Македонската полиција уапси три лица
    • Муцунски на конференција за Коридорот 8 – Ќе разговара и со еврокомесарката Кос
    • Петровска на Рос-Рот семинарот на НАТО во Молдавија
    • Пронајдена неексплодирана рачна бомба во скопско
    • Претепан сопругот на Јелена Крсмановиќ – Завршил без заб и со потрес на мозокот
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако има докази за криминал од 37 милиони евра, достави ги до Обвинителството
    • ФОТО: Реновирана салата во „Коле Неделковски“ – Учениците добија современ простор за спорт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мајката на судијата Ристов: „Кога ќе ми останеше некоја паричка ќе ги пикнев во дупчето на циглата”

    Мајката на судијата Ристов: „Кога ќе ми останеше некоја паричка ќе ги пикнев во дупчето на циглата”

    08.10.2026 во 10:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Кривичниот суд денеска сведочеше Донка Ристов, мајка на апелациониот судија Ѓоко Ристов, на судењето за случајот со 350.000 евра пронајдени при претрес во домот на неговите родители.

    Ристов пред судот раскажа дека парите ги чувала со децении, скриени зад работната маса и фрижидерот. Таа наведе дека при претресот првиот ден полицијата не ги пронашла парите, но дека при повторниот претрес следниот ден биле откриени.

    „Таму си најдов згодно место, не од сега, не од лани, туку од 1975 година. Што ќе ми останеше некоја паричка, ќе отворев една плочка, како прозорче, и во фолија си ги ставав паричките, колку ќе имав толку“, сведочеше Ристова.

    Според нејзиното сведочење, во скриеното место имало вкупно 350.000 евра. Од нив, 250.000 евра биле во апоени од 50 евра, додека останатите 100.000 евра биле во апоени од 500 и 100 евра.

    Таа пред судот кажа дека парите биле заштеда на неа и нејзиниот сопруг и дека никој друг не знаел за нив.

    „Никој не знаеше, тоа беше мое лично и на сопругот“, рече Ристова.

    Таа објасни дека парите ги заработувала од продажба на земјоделски производи, наведувајќи дека семејството се занимавало со производство и продажба на бостан, дињи, пиперки, ореви и кајсии. По продажбата, како што кажа, купувала девизи и ги чувала во скриените места во куќата.

    „Не ги броев, но ќе ги пикнев во дупчето од циглите. Кога ќе се стеснеше, во друго“, рече таа.

    Ристова истакна и дека никогаш не земала пари од своите деца, туку ги чувала средствата како обезбедување за староста и за евентуални тешки денови. Како една од причините ја наведе и можноста за лекување и престој во Геријатрија.

    Против судијата Ѓоко Ристов се води постапка во врска со 350.000 евра пронајдени при претрес во домот на неговите родители во Неготино. Обвинителството претходно соопшти дека средствата не биле пријавени и дека нивното потекло не било поткрепено со докази.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Ги фатиле на дело – Македонската полиција уапси три лица

    08.10.2026 во 10:44

    Муцунски на конференција за Коридорот 8 – Ќе разговара и со еврокомесарката Кос

    08.10.2026 во 10:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.