Close Menu
    Најново

    Пелегрини: Ја критикувам ЕУ дека постојано ви се поставуваат нови услови

    14.10.2025 во 16:08

    МЗ: На Радиологија при снимање на МР на пациент кој е на кислородна поддршка се случил технички проблем

    14.10.2025 во 15:58

    26-годишник заработи кривична – пукал од автомобил во движење, дома имал два пиштоли

    14.10.2025 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Пелегрини: Ја критикувам ЕУ дека постојано ви се поставуваат нови услови
    • МЗ: На Радиологија при снимање на МР на пациент кој е на кислородна поддршка се случил технички проблем
    • 26-годишник заработи кривична – пукал од автомобил во движење, дома имал два пиштоли
    • Божиновска: Еднострано е раскината концесијата за „Пискупштина“ во Струга
    • Сиљановска-Давкова по средбата со Пелегрини: Словачка е една од нашите најверни и најпосветени поддржувачи на европската интеграција
    • Пронајдено тело на починато машко лице во Битола
    • Сиљановска-Давкова пред доаѓањето на Фон дер Лајен: Очекувам да се спомене спорот со Бугарија
    • Силувана 17-годишна девојка со здравствени проблеми од пехчевско село
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска во работна посета на САД – ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка

    Димитриеска-Кочоска во работна посета на САД – ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка

    14.10.2025 во 10:36
    ФОТО: Facebook/Гордана Димитриеска-Кочоска
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска ќе престојува во работна посета на САД, каде што ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, коишто се одржуваат оваа недела во Вашингтон.

    Посетата ќе биде можност Димитриеска-Кочоска на средби со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции да ги претстави економските и пред сѐ фискалните политики што ги спроведува Владата, напорите за фискална консолидација, за одржување макроекономска стабилност и за обезбедување одржлив економски раст, соопшти Министерството за финансии.

    Предвидено е министерката да има средби со заменикот на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор Јерон Клик, замениците на извршните директори Марникс ван Рај и Владислав Рашкован, директорот на Европскиот оддел во ММФ Алфред Камер и шефот на Мисијата на ММФ за нашата земја Ник Гигинеишвили. На агендата се средби и со потпретседателката на Светската банка Антонела Басани, извршниот директор на Светската банка Јуџин Ругенат, регионалната директорка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија Шиаочин Ју и со директорката за земјава во СБ Карол Межеван.

    Димитриеска-Кочоска во Вашингтон ќе има можност да оствари средби и со претставници на Трезорот на САД, со којшто е воспоставена соработка во насока на зајакнување на ефикасноста на институциите, како и со повеќе инвеститори коишто се вклучени во процесот на издавање еврообврзници.

    Годишните средби на ММФ и СБ оваа година се одржуваат под мотото „Можност во време на промени“, а на нив учесниците, односно министрите за финансии, гувернери, претставници на бизнис-заедницата и на граѓанскиот сектор, академици и сл. ќе можат да се осврнат на актуелните состојби и на предизвиците во глобални рамки, како и на изнаоѓање можни решенија. На годишните средби во Вашингтон министерката за финансии учествува заедно со гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

    Популарно

    „Халид би се налутил ако знаеше кој е на комеморацијата“, рече водителката

    14.10.2025 во 11:04

    ЈО: Ќе се издаде наредба за обдукција на телото на Панчо

    14.10.2025 во 11:31

    Пукање во регионот: Ранета жена, кога раскажала што се случило следела драма

    14.10.2025 во 09:57

    ФЗО: Доктор Кузмановски има активен факсимил

    14.10.2025 во 14:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.