Close Menu
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски, наместо да се бори против корупцијата, креирал коруптивни шеми со кланот Заеви

    04.12.2025 во 10:02

    Николоски во Брисел: Средба со „Пријатели на Европа“, најавени разговори за Коридорите 8 и 10 и финансирање од ЕИБ

    04.12.2025 во 09:56

    Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Одбраната ги изнесува воведните зборови, обвинетите не признаваат вина

    04.12.2025 во 09:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски, наместо да се бори против корупцијата, креирал коруптивни шеми со кланот Заеви
    • Николоски во Брисел: Средба со „Пријатели на Европа“, најавени разговори за Коридорите 8 и 10 и финансирање од ЕИБ
    • Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Одбраната ги изнесува воведните зборови, обвинетите не признаваат вина
    • СДСМ: Изјавата на Бојан Стојановски за „некрофилство на СДСМ и Левица“ е ненормална и забегана
    • Дневен хороскоп: Близнаците ќе донесат конечна одлука, Јарецот ќе затвори едно поглавје
    • „Сејф сити“ со шокантни податоци: Возач летал со 231 км/ч на скопската обиколница
    • Осумдневен притвор за сопственикот на кравите и неговите ќерки од кривопаланечко
    • Хорор во Италија: Македонка претепана до смрт од сопругот
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Ѓорѓиевски најавува 100% ослободување од комуналии за млади брачни парови

    Ѓорѓиевски најавува 100% ослободување од комуналии за млади брачни парови

    13.10.2025 во 11:53
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Дигитализацијата на Скопје како еден од седумте столбови на програмата, најавувајќи трансформација на главниот град во прв целосно „paper-free“ град во државата, денеска ја претстави кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    -Со 17 проекти од оваа област, Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен. Дигиталната трансформација ќе се изврши во три клучни сегменти – комплетна внатрешна дигитализација на сите процеси и процедури, креирање на дигитални услуги и сервиси  за граѓаните и бизнис заедницата и комплетна дигитализација на Советот и на јавните претпријатија, со што градот ја започнува најголемата административна реформа досега, изјави Ѓорѓиевски.

    Програмата опфаќа внатрешна дигитализација на сите административни процеси, креирање дигитални услуги за граѓаните и бизнисите, дигитализација на Советот на Град Скопје и јавните претпријатија, формирање на „Смарт Центар“ за координација на дигиталните проекти, воведување на ERP и Документ Менаџмент системи, проект „Дигитален близнак на Скопје“ за интелигентно урбано планирање, Е-даноци, Е-адреса и Е-извод од ГУП за брзи и сигурни услуги, SKOPJE CITY GO картичка за интегрирани градски услуги и AI Скопје за оптимизација на сообраќајот и јавните ресурси.

    -Практичната имплементација на Визијата за урбан развој на Скопје 2025-2045, ќе се  реализира преку проектот Дигитален близнак на Скопје, со што  ќе се создаде дигитална реплика на градот, со интеграција на просторни податоци, сензори и документи. Овој систем ќе овозможи интелигентно урбано планирање, поефикасно управување со инфраструктурата, климатска отпорност и брз одговор при непогоди, појасни Ѓорѓиевски.

    Покрај дигитализацијата на Градот тој најави и комплетна дигитализација на Советот на Градот Скопје и јавните претпријатија кои ќе работат транспарентно и дигитално преку електронски седници на Советот и состаноците на Управните одбори, со електронски пристап до материјалите, гласање и дискусија, со јавна достапност на записниците.

    Во однос на вториот столб од својата програма, младите, Ѓеорѓиевски рече дека сака да изгради град кој ќе им понуди шанса, простор и поддршка на младите да растат и создаваат во Скопје, како една од тие мерки е и ослободувањето од комуналии за млади брачни парови до 40 години.

    -Младите брачни парови до 40 години, без друг имот, ќе добијат до 100 проценти ослободување од комуналии при изградба на куќа за домување. За општините што веќе донеле ваква одлука, како Кисела Вода, ослободувањето ќе изнесува 100 отсто, а за останатите општини – 60 проценти, односно делот кој му припаѓа на градот Скопје, истакна Ѓорѓиевски.

    Меѓу мерките што ги најави се и младинска квота за вработување како обврска за средни и големи компании да ангажираат најмалку еден млад вработен до 25 години на секои 20 постојни, младински Центар за Кариера – платформа за менторство, обука и поврзување со работодавачи, поддршка за млади занаетчии преку субвенции за опрема, стипендии и практикантства преку кампањата „Учи занает, гради иднина“, „Disco Zone“ како специјализирани зони за ноќен живот надвор од центарот, со цел намалување на метежот и бучавата, дигитални станбени хабови како простори за ко-креација, иновации и зелени зони, поврзани со јавен транспорт, „Паметно семејство“ преку станбени зони за млади брачни парови и повратници од странство и „Паметен пазар на недвижности“ со јавна платформа со информации за достапни станови и деловен простор.

    -Кога младите остануваат и напредуваат во својот град, дигиталните услуги добиваат вистинска вредност, тие стануваат алатка за реални шанси, за транспарентност и чесност, за иднината на главниот град, порача Ѓорѓиевски.

    Популарно

    Топаловски од СВР Скопје: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце

    03.12.2025 во 22:07

    Герасимовски: Започна поставувањето на 30 дигитални уреди за бучава, 19 веќе се инсталирани во Центар

    03.12.2025 во 12:58

    Македонци масовно ја симнуваат апликацијата што ги открива камерите на „Сејф Сити“

    03.12.2025 во 22:01

    4 бои на лакови за нокти кои засекогаш ќе останат во тренд

    02.12.2025 во 18:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.