Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шукова најави „Центар за управување“ и враќање на сјајот на Старата Чаршија

    Шукова најави „Центар за управување“ и враќање на сјајот на Старата Чаршија

    10.10.2025 во 14:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска говореше за програмата каде се опфатени плановите за обнова и ревитализација на Старата Скопска Чаршија, симболот на духот и историјата на градот.

    „Старата Скопска Чаршија е душата на Скопје. Денес Чаршијата е задушена од нечистотија, административен хаос и институционална негрижа. Но, таму каде што другите гледаат проблем, јас гледам можност,“ изјави Шукова, нагласувајќи дека враќањето на сјајот на Чаршијата ќе биде еден од нејзините клучни приоритети.

    Шукова најави сеопфатна акција за чиста, безбедна и функционална Чаршија: секојдневно одржување, поставување нова урбана опрема, јавно осветлување и Wi-Fi зони, без да се менува автентичниот изглед на Чаршијата.


    „Нашата цел е Чаршијата конечно да добие центар за управување под целосна надлежност на Град Скопје. Без лавиринти меѓу институции, туку ефикасна, брза и транспарентна администрација за сите што живеат и работат таму,“ додаде таа.

    Шукова истакна дека е предвидена и поддршката за дуќанџиите и занаетчиите, најави буџетска помош за реконструкција на дуќани, правна и финансиска поддршка, како и отворање на „отворени школи за занаети и мајсторски работилници“.

    Во фокусот на нејзината програма е и културата. Со реновирање на Сули Ан и создавање услови за студентите по ликовна уметност, како и отворање уметнички ателјеа и културни програми, Шукова најави дека „уметноста не смее да живее во распаднати ѕидови.“

    Нејзината визија вклучува и дигитална трансформација на Чаршијата преку развивање на онлајн платформа за туристи, нови јазични обележја, подобрена пешачка инфраструктура и вклучување во европски културни рути.

    „Ова не е уште едно ветување. Ова е визија што ја враќа Чаршијата како живо срце на Скопје, бидејќи ние се бориме за нашиот дом,“ порача Шукова.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.