Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шукова: Владата мора да помага на сите општини без разлика кој е градоначалник и од која партија доаѓа

    Шукова: Владата мора да помага на сите општини без разлика кој е градоначалник и од која партија доаѓа

    10.10.2025 во 12:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, во интервју за ТВ21 истакна дека кога станува збор за животната средина, политичките интереси мора да бидат оставени на страна, а соработката меѓу институциите да стане приоритет, се вели во соопштението до СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. 

    „Јас мислам дека кога станува збор, пред сè, за животната средина, не треба да ги гледаме политичките интереси. Тие интереси конечно мора да излезат од Градот Скопје, а впрочем и од сите институции, ако навистина сакаме да имаме здрава животна средина,“ изјави Шукова.

    Таа потсети дека за време на нејзиниот мандат како министер имала успешна соработка со сите градоначалници, без оглед на нивната политичка припадност, и дека таквиот пристап треба да биде модел за сите идни политичари.

    „Секогаш бев отворена за соработка, и мислам дека така треба да работи секој политичар во оваа држава. Зборуваме за интересот на граѓаните, не само на Скопје, туку и на целата држава,“ додаде таа.

    Шукова нагласи дека успешното справување со еколошките и инфраструктурните предизвици е можно само преку вистинска координација помеѓу централната и локалната власт, како и со активно вклучување на невладиниот сектор.

    „Локалните самоуправи сè уште зависат од поддршката на државата, но тоа не треба да се злоупотребува. Владата мора да помага на сите општини без разлика кој е градоначалник и од која политичка партија доаѓа,“ порача Шукова.

    Таа истакна дека граѓаните очекуваат резултати, а тие може да се постигнат само преку транспарентност, меѓусебна доверба и вклучување на сите општествени чинители.

    „Невладините организации имаат знаење, искуство и капацитет да помогнат. Кога сте отворени кон нив, добивате реална соработка и резултати,“ заклучи Шукова. 

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.