Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанков: Субвенционирање на млади брачни парови преку доделување на парцели по повластени услови

    Јанков: Субвенционирање на млади брачни парови преку доделување на парцели по повластени услови

    07.10.2025 во 18:183 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Петар Јанков, кандидат за градоначалник за општина Струмица од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, денеска гостуваше во дебатната емисија Директно на телевизија Телма кадешто прво се осврна на инфраструктурните решенија кои тој ги нуди за општина Струмица, а во насока на подобра мобилност на граѓаните, како и решавањето на проблемот со паркингот во централното градско подрачје на Струмица.

    „Доизградба на булеварско решение на Булеварот Климент Охридски од потегот кај Жито Струмица до улицата Ѓорѓи Василев, тоа ќе го реализираме преку Јавното претпријатије за државни патишта,најголем дел во централното подрачје имаме проблем со паркинг просторот, затоа е предвидено отворање на нови паркинг простори и поголема ефикасност на јавното претпријатие“, вели Јанков.

     Јанков се надоврза на претходно изнесеното и дополни:

    „Дворот кој го користи Општата болница Струмица, ќе барам отстапување на дворната површина се со цел да направиме паркинг и монтажен паркинг на местото на модуларната болница за да го зголемиме капацитетот на паркинг просторот“.

    Јанков ја сподели и неговата визија и план за надминување на проблемите со коишто се соочуваат граѓаните во населбата Карпош и ја истакна неминовната потребата од подобро тротоарско решение во оваа населба како и изградбата на ново основно училиште со пропратни спортски терени и кабинетска настава.

    „Проектот кој го планираме изградба на основно училиште во населба Карпош, природното таа населба гравитира према ОУ Сандо Масев, а бројот на Сандо Масев од година во година на ученици се зголемува и моментално има преку 1360 ученици. За овој дел е придвидено ново основно училиште со пропратни спортски терени и кабинетска настава према потребите“, кажа Јанков.

    Јанков ги сподели и мерките кои ги планира за младите да останат и да градат иднина во Струмица, при што прво ги таргетираше младите брачни парови и мерката со која предвидува доделување на парцели за млади брачни парови по повластени услови.

    „Треба да најдеме начин да ги субвенционираме младите брачни парови во доделување на парцели, плацеви за изградба на нивни домови за живеење во Струмица, ќе имаме посебна програма кадешто одредено државно земјиште ќе биде пренаменето за парцели, плацеви за млади брачни парови кои ќе бидат по повластени услови од општината, за да можат да го најдат својот дом за живеење во Струмица и да ствараат и градат овде“, рече Јанков.

    Јанков се надоврза и кажа дека неговата програма предвидува и изградба и реновирање на спротски сали и повеќенаменски игралишта, а во насока на создавање и подобрување на условите за одвивање на спорот и спортски активности на граѓаните на општина Струмица.

    „Предвидена е изградба на спортска сала во ОУ Сандо Масев, предвидено изградба на повеќенаменски игралишта во населено место Банско, реновирање на сите општински училишта и осветлување за да можат младите да спортуваат и во вечерните часови“, заврши Јанков.

    Прочитај повеќе

    Прва конститутивна седница на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ – нова програма и избор на претседателки на УЖ на Општинските комитети 

    25.08.2026 во 21:30

    Влен: Историски чекор за здравството во Тетово – 145 вработувања во клиничката болница

    25.08.2026 во 20:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.