Close Menu
    Најново

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53

    Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип

    30.12.2025 во 22:42

    Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип

    30.12.2025 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација
    • Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

    Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

    07.10.2025 во 18:03
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Онер Јакупоски, кандидат за градоначалник за општина „Маврово-Ростуше“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и потенцираше дека време е да се врати надежта во општина Маврово-Ростуше и да стане општина која ќе биде сервис на граѓаните, каде младите ќе ја градат својата иднина, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

    „Денес стојам пред вас со јасна цел, да ја промениме нашата општина, да ја прекинеме летаргијата и апатијата, од нефункционална општина да направиме општина што ќе биде вистински сервис за сите граѓани и еднакви можности за сите. Време е да ја вратиме надежта, време е да создадеме општина, каде младите ќе градат своја иднина тука а не во туѓина. Ви ветувам ќе бидам гласот на народот, ќе работам со силна енергија и решителност да донесеме вистински промени во Маврово и Ростуше. Мојата програма не е само парче хартија, таа е програма која ги детектира сите проблеми во нашата општина, мојата програма претставува обврзувачки документ кој се потпира во пет столбови и тоа модерна општинска инфраструктура, туризам, дигитализирана општина, зелена чиста и енергетски ефикасна и петтиот столб, општина на културата и традицијата и мост за комуникација со дијаспората“, рече Јакупоски.

    Јакупоски наброи дел од проектите на изборната програма и го потенцираше отворањето на нова општинска канцеларија која ќе биде центар за услуги на граѓаните, каде што ќе можат да ги подигнуваат сите потребни документи коишто се дигитализирани. 

    „Санација на спортската сала Македонија, предвидуваме изградба на нов мост под село Ростуше на регионалниот пат, како трет клучен проект за развој на туризмот предвидуваме изградба на пешачка и вело патека околу мавровското езеро. Ќе соработуваме со сите локални бизниси, хотели, со помош на вештачката интелегенција ќе воведеме многу новини, преку отворање на општинска канцеларија која ќе биде центар за услуги, каде што на едно место ќе можат да ги подигнат сите барани документи коишто се дигитализирани а сето ова ќе го направиме во тесна соработка со Министерството за дигитализација. Во иднина очекувам одлична соработка со раководството на националниот парк Маврово во делот на јавната чистота, со организирани акции да ги исчистиме дивите депонии настанати изминативе осум години. Во општинското комунално претпријатие ќе иницирам сериозни реформи и комплетна реорганизација“, посочи Јакупоски.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.