Close Menu
Press24
    Најново

    44 студенти од Маврово и Ростуше добија финансиска помош за академската 2024/2025 година

    01.04.2026 во 11:12

    Средба Сали-Хоџа: Итна акција за подобра имплементација на ИПА-проектите во животната средина

    01.04.2026 во 11:11

    Русија го затвора вентилот за сите што воведуваат ограничување на цените на нафтата

    01.04.2026 во 10:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 44 студенти од Маврово и Ростуше добија финансиска помош за академската 2024/2025 година
    • Средба Сали-Хоџа: Итна акција за подобра имплементација на ИПА-проектите во животната средина
    • Русија го затвора вентилот за сите што воведуваат ограничување на цените на нафтата
    • Шаховски фестивал „50 години ШК Алкалоид“
    • Ужас на Сава: Десетици луѓе заробени во мочуриште, во тек е масивна спасувачка акција – се стравува од жртви
    • Им давала пари, барала висока камата и се заканувала со смрт – Фатена лихварка од Струмица
    • Месечен хороскоп за април: Судбински пресврти, наплата на долгови и љубовен хаос – еден знак ќе го промени животот од корен
    • Нови детали за убиството во Гостивар: Го измил и спремал татка си за погреб, за да ги прикрие трагите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 44 студенти од Маврово и Ростуше добија финансиска помош за академската 2024/2025 година

    44 студенти од Маврово и Ростуше добија финансиска помош за академската 2024/2025 година

    01.04.2026 во 11:122 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Општина Маврово и Ростуше, во тековната академска година, право на еднократна финансиска помош остварија 44 студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во земјава за академската 2024/2025 година.

    -На јавниот повик објавен во декември беа пријавени 45 студенти, редовни и вонредни, кои не се вработени. По разгледувањето на доставените пријави, соодветната комисија одлучи 44 од нив да го остварат правото на финансиска помош, што е за 25 студенти повеќе во однос на претходниот циклус. Средствата во износ од по 12.000 денари, што е за 2.000 денари повеќе во однос на минатата академска година, наскоро ќе им бидат исплатени, изјави за МИА Фикрет Ибраими, одговорен во секторот за информирање во општината.

    Според него, оваа финансиска помош се доделува веќе петта година по ред со цел да се мотивираат младите да го продолжат своето образование на високообразовните институции и да се трудат редовно да ги полагаат испитите.

    Правото на помош може да го остварат само студенти кои се постојани жители на општината, а од започнувањето на програмата во академската 2021/22 година до сега ја оствариле 150 студенти.

    Општина Маврово и Ростуше, од 2018 година, доделува еднократен паричен надоместок и за секое новороденче во семејства кои постојано живеат на нејзината територија. Пета година по ред, во септември, се исплаќа и надоместок за секое прваче.

    Популарно

    44 студенти од Маврово и Ростуше добија финансиска помош за академската 2024/2025 година

    01.04.2026 во 11:12

    Средба Сали-Хоџа: Итна акција за подобра имплементација на ИПА-проектите во животната средина

    01.04.2026 во 11:11

    Русија го затвора вентилот за сите што воведуваат ограничување на цените на нафтата

    01.04.2026 во 10:45

    Шаховски фестивал „50 години ШК Алкалоид“

    01.04.2026 во 10:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.