Close Menu
    Најново

    Хаос во албанскиот парламент: Пратеници фрлаа со шишиња

    19.09.2025 во 16:15

    Скопјанец нападнат со остар предмет по случена сообраќајка на Бит Пазар

    19.09.2025 во 15:52

    Владата со демант: СДСМ повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

    19.09.2025 во 15:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Хаос во албанскиот парламент: Пратеници фрлаа со шишиња
    • Скопјанец нападнат со остар предмет по случена сообраќајка на Бит Пазар
    • Владата со демант: СДСМ повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек
    • Филков во Малта го потпиша третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за меѓусебна соработка во кривична материја
    • МВР со детали за инцидентот пред прилепската болница: Испукани предупредувачки истрели, приведени 13 лица
    • Италијанец претепан пред угостителски објект во Македонија
    • Мицкоски: Очекувам придвижување во делот на давањето гаранција дека уставните измени ќе бидат последното барање од Бугарија
    • Велешанка претепана од сограѓанин на работното место, подоцна и отишол дома и повторно ја нападнал
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » 30 дена притвор за газдата на објектот во кој избувна пожарот во Трубарево, останатите одат во куќен притвор

    30 дена притвор за газдата на објектот во кој избувна пожарот во Трубарево, останатите одат во куќен притвор

    19.09.2025 во 13:24
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Скопскиот Основен кривичен суд го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на првоосомниченото лице поврзано со фирмата во чиј објект за електронски отпад во Трубарево во саботата избувна голем пожар. На другите тројца осомничени во случајот, судија на претходна постапка им одредил мерка куќен притвор.

    Основното јавно обвинителство Скопје, синоќа информираше дека по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до отвори истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека за останатите тројца побарано е определување куќен притвор.

    До Основното јавно обвинителство Скопје кривична пријава вчера поднело МВР против М.Д (56), Л.Д. (26), В.М. (43) и З.С.(59), како и против правно лице со седиште во Трубарево за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“.

    ОЈО Скопје соопшти дека Обвинителството издало наредби „за дејствија и проверки со кои обезбеди докази кои даваат основано сомнение дека првиот осомничен, иако формално не бил запишан како управител на правниот субјект во кој непрописно се складирал отпадот, сепак реално настапувал и преземал правни дејствија во односите со трети лица. Како управител на друго правно лице, тој го избирал правниот субјект каде формален управител била неговата ќерка како мнозински коминтент за складирање на отпад, го организирал целокупното работење и ги извршувал одлуките околу работењето, а оттука имал и обврска да се грижи за законитоста на работењето на друштвото и подружницата за рециклирање, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“.

    – Затоа во истрагата се опфатени тој и неговата ќерка, како соизвршители кои постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на прописите за заштита на животната средина, вршеле повеќекратно оставање, фрлање, собирање и транспортирање на една или повеќе поврзани пратки од отпадоци и остатоци од електронска и електрична опрема, отпадни батерии и акумулатори и отпадни тонери, како опасен отпад. Отпадот го складирале на катастарска парцела во Трубарево и со тоа предизвикале значително оштетување на  квалитетот на почвата и  воздухот, односно предизвикале опасност за животот и здравјето на луѓето во поголеми размери.

    Третиот осомничен е овластено лице – раководител на подружница, кој  постапувал по насоките на првиот осомничен и ги распоредувал работните задачи на вработените при складирањето и обработката на електричниот отпад.

    Четвртиот осомничен, иако немал формален акт за засновање на работен однос во правниот субјект, сепак преземал дејствија со кои го организирал понатамошното одлагање на електронскиот отпад. Тој го примал, складирал, сортирал и механички обработувал и електричниот отпад надвор од објектите за кои била издадена дозвола за управување со отпад.

    – На 13 септември, објектот со непрописно складиран отпад се запалил. Поради обемот и опасноста, пожарот не можел да се стави под контрола и зафатил најголем дел од складираниот електричен отпад како и објектите на подружницата за рециклирање. Согорувањето предизвикало масовно испуштање чад, пепел и гасови во амбиенталниот воздух. Како последица на тоа, со извршените мерења на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата на РС Македонија и на Државниот инспекторат за животна средина утврдена е висока загаденост. Имајќи ги предвид дејствијата на осомничените и ризиците за постапката, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен, додека за останатите тројца побарано е определување куќен притвор, појаснуваат од Јавното обвинителство. 

    Во исто време, како што се наведува, продолжува да се испитува потенцијална одговорност и на други лица, а јавниот обвинител издава наредби за обезбедување докази по кои постапуваат надлежните органи.

    Featured
    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    Хаос во албанскиот парламент: Пратеници фрлаа со шишиња

    19.09.2025 во 16:15

    Скопјанец нападнат со остар предмет по случена сообраќајка на Бит Пазар

    19.09.2025 во 15:52

    Владата со демант: СДСМ повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

    19.09.2025 во 15:48

    Филков во Малта го потпиша третиот дополнителен протокол на Европската конвенција за меѓусебна соработка во кривична материја

    19.09.2025 во 15:32
    последни вести
    Регион

    Хаос во албанскиот парламент: Пратеници фрлаа со шишиња

    19.09.2025 во 16:15
    Црна хроника

    Скопјанец нападнат со остар предмет по случена сообраќајка на Бит Пазар

    19.09.2025 во 15:52
    Политика

    Владата со демант: СДСМ повторнo шири лаги, исплатата за 400 пожарникари е во тек

    19.09.2025 во 15:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.