Close Menu
Press24
    Најново

    Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“

    28.10.2026 во 18:11

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скандал во тетовска банка: Службеничка зела 39.000 евра од клиент за депозит и си ги присвоила

    Скандал во тетовска банка: Службеничка зела 39.000 евра од клиент за депозит и си ги присвоила

    23.03.2026 во 14:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 31-годишната Б.Б.И. од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „затајување“. Осомничената ја злоупотребила својата работна позиција во локална филијала на банка, оштетувајќи клиент за висока парична сума.

    Според полицискиот извештај, настанот се случил на 3 ноември 2025 година. Во службените простории на банката, пријавената примила готовина во износ од 39.000 евра од 59-годишен тетовчанец, кој планирал средствата да ги стави како депозит на неговата лична трансакциска сметка.

    Наместо парите да легнат на сметката во ветениот рок од три дена, како што му било кажано на клиентот, банкарската службеничка противправно ги задржала и присвоила за себе.

    Измамата почнала да се разоткрива на 18 ноември 2025 година, кога оштетениот граѓанин повторно отишол во банката за да провери што се случува со неговиот депозит. По остварената средба со овластено лице од филијалата, истиот ден му бил вратен само еден дел од парите.

    За остатокот од сумата, овластеното лице го упатило клиентот кај управител на друго правно лице. Иако и тој управител му вратил одреден дел, тетовчанецот сè уште не си ги добил назад своите 39.000 евра во целост, по што случајот добил полициска и правна разврска.

    Прочитај повеќе

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.