3 докажано најштетни намирници: Доколку ги јадете често можат да направат хаос во цело тело

Научници од Универзитетот Тафтс направиле табела од најштетни намирници. Тие анализирале вкупно 8.032 производи, а на врвот на листата се нашле следните три.

Нудли, чоколаден пудинг и чипс - овие три намирници во себе содржат многу хемикалии, адитиви, изобилуваат со сол, вештачки засладувачи и масти.

Убедливо најштетна намирница меѓу нив е чипсот.

Чипсот е е преполн со празни калории и најштетни јаглехидрати, покрај тоа е пржен во многу масло.

„Со голема количина на најлошите јаглехидрати, со чипсот внесувате и огромна количина на масти и сол“, вели нутриционистот Лиса Ричардс.

Заситените масти и солта од чипсот придонесуваат во развојот на срцеви заболувања, а редовното консумирање чипс може да ве здебели.

Секоја намирница кој ја внесуваме има одредено влијание на здравјето на нашите органи и целокупниот организам, поради тоа важно е секогаш да бираме органска и свежа храна со природно потекло, а да го намалиме внесувањето на грицките, слатките работи и инстант јадењата кои содржат хемикалии.

Од друга страна тука е и намирниците кои се мевлем за нашата душа. На самиот врв на листата се нашле и малините и бадемите.

Освен што се вкусни, малините се исклучително здраво и хранливо овошје, а имаат и бројни лековити својства.

Содржат витамин Ц, па во само една порција од 100 малини има 25-35 дневна потребна вредност на витамин Ц. Малините се и моќен антиоксидант, содржат витамини Б, Е и К и минерали како калиум, магнезиум, манган и бакар.

Ги чистат крвните садови, позитивно влијаат на метаболизмот и на нивото на шеќер во крвта, одлични се за имунитетот, а чајот од малини особено се препорачува при настинки.

Втори по ред на списокот најкорисни намирници се бадемите кои содржат витамини, протеини, растителни влакна, калциум, калиум. Исто така тие содржат и масти кои се здрави и позитивно влијаат на здравјето на срцето, го регулираат холестеролот, прекрасен извор на протеини се и позитивно влијаат на цветната флора и на убавината на косата и кожата.

25.10.2021 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа