1.300 амандмани - „Левица блокира поткуп на медиумите“
![](https://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2022/11/18/apasiev.jpg?itok=VlFN3xE5)
Левица нема да дозволи власта да ги корумпира медиумите и да ги троши државните пари за поткуп во своја корист, стои во реакцијата на Левица испратена до медиумите.
„Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1 300 амандмани до собранискиот архив за новиот Закон за аудио-визуелни медиумски услуги со кој треба да се помогне недемократското и авторитарно дејствување на властите.
Оваа материја требаше да се најде пред собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија во 12 часот, но седницата на комисијата е одложена поради амандманската блокада на Левица.
Нашите пратеници нема да дозволат јавниот простор и слободната мисла да бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим“, стои во нивното соопштение.
18.11.2022 - 13:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа