Залутано зрно повредило жена додека работела на нива во Сарај


Вчера околу 11.40 часот во Полициското одделение Сарај, Н.А.(49) од с.Сарај пријавила дека, додека работела на нива во село Сарај, се здобила со повреда во ногата од залутано зрно.

На Н.А. и била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

18.03.2024 - 15:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега