23-годишен скопјанец пронајден починат во својот дом


Вчера во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23) од Скопје, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.

Извршен бил увид од СВР Скопје, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

26.04.2024 - 15:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега