ВМРО-ДПМНЕ: СДС и институциите да одговорат како соларниот картел на Ковачевски инкасирал 26 милиони евра во криза кога илјадници компании ставија клуч на врата

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека премиерот Димитар Ковачевски е фатен во аферата Броило тешка 26 милиони евра, а СДСМ вади стари манипулации за да дефокусира. 
„За обвинувањата упатени кон претседателот Мицкоски за кои зборува СДС, се произнесоа институциите и утврдија дека не постои судир на интереси. Но зошто институциите се уште молчат за скандалот со соларниот картел кој го создал Ковачевски? Зошто нема одговори како фирмата основана од Ковачевски земала државна помош и обезбедувала вносни бизниси со јавни претпријатија и фирми во кои државата има удел? Како Пиксел груп 8 месеци откако Ковачевски станува премиер почнува со инвестиција во фабрика во ТИРЗ Тетово во вредност од 54 милиони евра? Како Броилото на соларниот картел свртело 26 милиони евра во време на криза, кога 12 илјади компании ставија клуч на врата?“, прашуват од опозициската партија.
 
Тоа е вистинската тема од која бега СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Јавноста со право прашува зошто тие пари наместо на контото на соларниот картел на Ковачевски не завршија за помош на стопанството, за набавка на струја за градинки и училишта или за поддршка на загрозените категории граѓани. Ковачевски е фатен во средина на аферата Броило, наместо да чека, да си поднесе оставка веднаш“, побараа од партијата.
06.10.2022 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега